КАФЕ И ПИВО ВО ТУРЦИЈА И ПОРТУГАЛИЈА Е ПОЕВТИНО ОД ТУКА: Топ летни дестинации за оваа сезона
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2023
Со текот на
времето, Лисабон се истакна - не само како една од најубавите, туку и една од
најприфатливите метрополи во светот
Иако Турција оваа година ја потресуваат сериозни проблеми, земјата останува атрактивна летна дестинација, особено за британските и другите туристи од западниот дел на Европа.
Деновиве британски Тајмс пишува за најпристапните и најпопуларните летни дестинации, а меѓу нив и Турција е на прво место.
Таа земја, инаку, со месеци се „тресе“ од рекордна инфлација поради непопустливата политика на Ердоган, а земјотресите дополнително ја нарушија лирата. Сепак, цените сè уште се меѓу најниските во Европа.
Така, во просек за кафе би платиле 1,5 фунти или околу 100 денари, додека вечерниот оброк е 5 фунти (350 динари), а пивото - две фунти или близу 140 денари.
На второ место е Португалија, поточно Лисабон за кој многумина велат дека е најубавиот град на светот или барем на Стариот континент. Одделот за патување во British Post, во својот тековен извештај кој се занимава со „најдобрите центри за вредност во Европа“, ја става оваа метропола на четвртото место, благодарение на падот на цените од 7,9 проценти.
Просечната цена на сместувањето во Лисабон, за две ноќевања, се проценува на 73 фунти, што е помалку од 5.200 денари. Кафето обично чини 1,5 фунти, како во Турција, додека вечерниот оброк е 14 фунти. Пивото чини 2,5 фунти или нешто повеќе од 160 денари.
Шри Ланка е на трето место, бидејќи во нејзиниот главен град Коломбо може да се најдат луксузни хотели со т.н. бесконечни базени на покривот, по цена помала од 50 фунти за ноќевање. Преведено во нашата валута, тоа е околу 3.500 денари. Можете исто така да купите билет за воз до Форт Гејл од ерата на Португалија, кој чини 5 фунти прва класа.
Просечната цена на кафето во Шри Ланка е само една фунта или 70 денари. Оброкот е 4 фунти, а пивото исто така е една фунта.
На листата се најдоа и Гамбија, Маурициус, Белизе, Јамајка, Боливија, Хонг Конг, Естонија, Албанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.