19 Декември, 2025
0.2586

Кај кои реки има зголемување на водостојот?

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017 18:22

Добивај вести на Viber

Најголемо покачување на водостојот има кај реките Радика, Треска, Сатеска и Црна Река. 

Најголем пораст на водостојот од 56 сантиметри утринава во 8 часот има реката Вардар кај мерната станица Јегуновце. Нивото на Вардар пораснало за 29 сантиметри на мерното место кај Зајчев Рид во Скопје и за 5, односно 4 сантиметри кај Велес и Демир Капија.

Значително зголемување на водостојот од 46 сантиметри има и Црна Река кај мерното место Новаци.

Од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) велат дека поради топење на снегот се очекува зголемување на нивото и на другите реки. 

Поради позитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд и топење на снег, предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во сливовите на реките Треска и Радика“ -  велат од УХМР.

Намалување на нивото од 5 сантиметри од вчера до денеска има кај Радика, а од 2 сантиметри Крива Река. Кај сите други реки кај кои што се вршат мерења нивото се зголемило или, пак, останало на истото ниво како вчера.

Водостојот на природните езера во земјава е без промени. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот