16 Декември, 2025
0.0625

„КАЈ НАС НЕМА ПАЦИЕНТ СО МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“: директорот на Инфективна клиника вели нема простор за паника по утврдувањето на заболен во Косово

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024 13:03

Добивај вести на Viber

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана вели дека во државава нема простор за паника околу мајмунските сипаници и нагласи дека е запознат е со случајот во Косово.

Тој потсетува дека кај нас досега нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а доколку се појави, вели дека се подготвени и дека имаме стручњаци добро запознати со болеста.

- Кај нас нема. Запознат сум со случајот, имав долг разговор со директорот на Инфективната клиника во Приштина. Пациентот е стабилен, сѐ е под контрола во моментов - нагласува Цана.

Појаснува дека станува збор за изолиран случај на граѓанин на Косово, кој работел подолго време во странство.

- Не е автохтон, туку е импортиран случај. Граѓаните кај нас може да бидат мирни. Нема простор за паника, додава директорот на Инфективната клиника.

Според Цана надлежните имаат капацитети да се справат доколку и кај нас дојде оваа болест. 

- Апсолутно сме подготвени во случај и кај нас да се појави лице со мајмунски сипаници. Може да се справиме со такви случаи. Имаме експерти, тоа е поле на Инфективна клиника, така што, болеста како болест ни е позната и сѐ што може да се преземе околу тоа - вели директорот на Инфективната клиника.

Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“