20 Јануари, 2025
0.0759

КАЈ НЕМА АВТОБУС 40 МИНУТИ, УШТЕ И ВРАТИ НИ ЗАТВАРААТ ДОДЕКА СЕ КАЧУВАМЕ, бројни поплаки од граѓаните за јавниот превоз во Скопје

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Јавниот превоз  во главниот град никако да се стабилизира. По повлекувањето на автобусите на приватнтие превозници, иако се зголеми бројот на автобуси од страна на Јавното сообраќајно претпријатие маките на скопјани останаа.

Автобуски на постојките се чекаат долг период, дел од граѓаните велат дека деновиве чекале автобус со број 24 цели четириесет минути, но потенцираат дека секој ден се чека над 20 - тина минути автобус со овој број.

-  Деновиве чекам автобус во попладневните часови, после пет часот, и секој ден чекам над 20-тина минути. Едне ден чекавме цели 40 минути автобус, да тргнев пешки ќе стигнев многу побрзо. Што беше уште полошо на толку чекање шоферот сакаше да не остави на автобуската станица. Буквално ги затвораше вратите од автубусот иако луѓе се качуваа, и стоеа на вратите. Моравме да се буткаме со вратата за да се качиме, тоа беше страшно и трауматично искуство. Дополнително кога се качивме беше многу загушливо одвај дишевме од преголемиот број на патници, а плус прозорците не се отвараат - вели скопјанката Радмила Д. и додава дека јавниот превоз во главниот град и претходно бил во лоша состојба, но сега ситуацијата е многу полоша и потешка за патниците.

Слични поплаки има и од жители од населбата Ново Лисиче кои велат дека во попладневните часови кога завршува шпицот исто така чекале многу долг период автобус, иако кон центар има дури четири автобуски линии.

-  Иако има дури четири линии кои возат од Ново Лисиче до Центар, а ние на станица чекавме автобус цели 35 минути. Лошо е што секој ден, ако помине пет часот се чека над 20 минути. Иако следиме кога тргнуваат автобусите, проверуваме распоред за да не чекаме, секој ден се чека долго време. Тука поминуваат дури пет автобуси 3, 5 15 и 23 возат до центар, плус 35ка кон Битпазар, а сепак се чека автобус по пола саат и повеќе. Разбираме дека автобусите се оретчени, но овде е проблем што никој не внимавна на возниот ред. Се чека долго, а потоа доаѓаат три автобуси заедно на постојка и сите три се бркаат по булеварот – вели повозрасна жителка на главниот град која посочи обврските за чување на внуци ја натереле да патува секој ден, и дека патувањето со јавниот превоз сега и делува најлош

Да биде проблемот уште поголем, не само што доцнат автобусите и што ги има во намален број, гужвите во нив се големи, поради што голем број граѓани некогаш не можат ниту да се качат во автобус иако долго време чекале на постојка.

-  Неколку пати извисувам на станица поради тоа што е преполн автобусот. Чекам на Југодрво, но таму автобусите се секогаш препполни, иако трчам да се качам, шоферите ми затвораат врата иако имам нога ставено на прагот. Не е нормално некој да затвара врата кога луѓе се качуваат. И ова не е еднашка, туку веќе станува редовно, бидејќи немаат трпение за волку патници – вели триесетгодишната Татјана.

Фактор се обрати до вработените во Јавното сообраќајно претпријатие за многубројните поплаки на граѓаните околу намалениот број на автобуси на терен, но и за однесувањето на шоферите кои им затвараат врата на патниците кои се качуваат. Од таму велат нема намалени линии, ниту пак поплаки за однесувањето на возачите.

-  Јавниот превоз сообраќа по комбиниран зимен возен ред и истиот е „покриен“ со соодветен број на возила, односно се реализираат сите утврдени поаѓања согласно возниот ред. Немаме недостиг од возила, ниту пак намалување/скратување на линиите. Се случува доцнење на автобусите, но во некој разумен рок, со оглед на тоа дека во функционирањето на сообраќајот и јавниот превоз влијаат повеќе фактори (сообраќаен метеж во утринските и попладневните часови, застои поради сообраќајна незгода, пренасочен сообраќај поради градежни активности на дел од трасите и слично), па логично е и автобусите да задоцнат – посочуваат од ЈСП.

Од Јавното претпријатие дополнуваат дека корисниците на јавниот превоз имаат можност да пријават несоодветно однесување на возач/контролор/службено лице во Внатрешна контрола на ЈСП (vkontrola@jsp.com.mk) или да достават пријава во архивата на ЈСП Скопје во Автокоманда (од понеделник до петок од 7.30 - 15.30 часот).

-  Во пријавата треба да се наведат детали за случајот, односно да се напише еден вид изјава (пример. ден/време/линија/гаражен број на возило, што се случило, каков проблем настанал...). Пријавата се проследува до соодветните служи по натамошно постапување. Во случај да се утврди вина од страна на службеното лице, против него се покренува соодветна дисциплинска постапка. Во зависност од тежината на престапот можни последици по пријавениот се писмена опомена, распределување на друго работно место, парична казна, суспнезија, отказ... Инаку, до овој момент на горенаведената е-маил адреса нема пристигнати жалби/пријави за однесувањето на вработените – појаснуваат од ЈСП.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци