19 Декември, 2025
0.0429

Светски ден на менопаузата

КАЈ ЖЕНИТЕ НАД 55 ГОДИНИ КОИ СЕ ВО МЕНОПАУЗА РИЗИКОТ ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ СЕ ЗГОЛЕМУВА И ДО 50 0ТСТО: Интервју со доц. д-р Анета Сима

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2023 08:00

Добивај вести на Viber

Менопаузата е неизбежен период од животот на секоја жена, период кога настануваат низа психолошки и телесни промени. Жената се соочува со зголемување на телесната тежина, несоница, нервоза, необјасниви промени во расположението, повремено отсуство на менструација. Основно нешто за секоја жена која е во периодот на менопауза е да биде добро информирана за полесно надминување на симптомите.

Токму на оваа тема, а по повод Светскиот ден на менопаузата Фактор поразговара со доц. д-р Анета Сима од Клиниката за гинекологија и акушерство. Во интервјуто, доц. д-р Сима ја ситакнува важноста од постоење на каде што жените ќе имаат можност да ги добиваат сите потребни информации и совети.

Следната недела, конкретно на 18. октомври во светот и кај нас ќе се одбележи Светскиот ден на менопаузата. Кое е овогодинешното мото, на што ќе биде ставен акцентот?

Доц. д-р Сима: Секоја година професионалните здруженија во светот го одбележуваат овој ден со акцент на одредена состојба која е карактеристична за менопаузата. Оваа година се обработува кардиоваскуларниот ризик, кој сериозно влијае на морбидитетот кај жените во менопауза.

Колку се чести кардиоваскуларните заболувања во периодот на менопаузата?

Доц. д-р Сима: Кај здрави жени до 50 годишна возраст ризикот за кардиоваскуларни заболувања е околу 25 отсто, додека над 55 години овој процент значително се зголемува. Дополнителни ризик фактори се претходни хронични заболувања (хипертензија, дијабетес, системски автоимуни заболувања, метаболички нарушувања), зголемена телесна тежина, пасивен начин на живеење итн. Кај овие пациентки ризикот се зголемува и до 50 отсто.

Кои се останатите посериозни нарушувања и здравствени тегоби кои може да доведат и до посериозни заболувања кај жените кои се во менопауза?

Доц. д-р Сима: Менопаузата како период од животот на жената со себе носи бројни промени кои настануваат како резултат на недостатокот од хормонот естроген. Најкарактеристични се топлите бранови и потењето, несоница, емоционална нестабилност, зголемена телесна тежина, главоболки, сексуална дисфункција, проблеми со мокрење итн. Сите овие симптоми доколку се поизразени го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања- покачен крвен притисок, инфаркт, мозочен удар. Посериозни проблеми се остеопороза, метаболички дизбаланс, ментални нарушувања, ризик од малигни болести.

Како во Македонија ќе биде одбележан овој исклучително важен ден за здравјето на жените кои се во менопауза, а секако со цел да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба?

Доц. д-р Сима: Од минатата година на Клиниката за гинекологија и акушерство започнаа бесплатни прегледи за пациентки во менопауза, а нашиот пример го следеа и дел од приватните болници низ државата.

Интересот беше навистина голем, годинава повторно ќе бидеме активни во одбележувањето на овој ден, со цел да ја подигнеме свеста за женското здравје во менопауза. Ќе организираме бесплатни превентивни прегледи и консултации на пациентки кои имаат потреба за тоа. Прегледите ќе се изведуваат во периодот од 16ти до 20ти октомври на нашата клиника, од 14-20 часот, без упати, без закажување на термини.

Според вашето досегашно искуство, можете ли да ни кажете колкав е процентот на жени кои се свесни за симптомите карактеристични за менопаузата и кои знаат каде да се обратат и да побараат совет?

Доц. д-р Сима: Пред неколку години на нашата клиника направивме истражување од оваа област, при што добивме резултати кои укажуваат на многу ниско ниво на свесност за состојбите во менопауза. Тегобите ги прифаќаат како нешто што е неопходно да се доживее, без да побараат стручна помош и решение за состојбата, воопшто не се информирани каде треба да се обратат.

Од тука добивме идеја да започнеме кампања за подигање на свеста за менопаузата, со цел за унапредување на женското здравје и квалитетот на живеење.

Постои ли некаков специјализиран центар каде што на едно место ќе може секоја жена која има одредени тегоби да ги добие сите потребни информации и секако да направи гинеколошки прегледи?

Доц. д-р Сима: Матичните гинеколози и лекарите од семејна медицина се првата инстанца каде би требало да се обратат пациентките, а потоа да се продолжи со евалуација кај специјалисти од други профили- интернисти, ендокринолози, ортопеди, нутриционисти, психотерапевти итн.

На Клиниката за гинекологија и акушерство во перспектива планираме да функционира Центар за менопауза, во соработка со стручните асоцијации од нашата држава. Исто така во план е изработка на брошура за оваа проблематика, каде пациентките би можеле да се информираат за се што носи со себе овој специфичен период од нивниот живот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти