09 Ноември, 2025
0.0460

Како адвокатот Вангеловски по втор пат е избран на чело на Врховниот суд?

Објавено во: Македонија 14 Март, 2017 09:42

Добивај вести на Viber

Како адвокатот Вангеловски по втор пат е избран на чело на Врховниот суд?

Јово Вангеловски доби втор мандат како претседател на највисокиот суд во земјата. На итна седница Судскиот совет за неполн час го избра Вангеловски, а во трката беа и судиите Снежана Бајлозова, Лидија Неделкова и Беса Адеми.

Првиот пат Вангеловски беше избран за претседател во 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Претходно работеше како адвокат, без ниту еден ден судски стаж.

Адвокатот и кумашинот

На интернет страната на Врховниот суд во биографијата на Јово Вангеловски пишува дека тој е роден на 1 февруари 1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1982 година, а од следната година до 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.

 Од 1986 до 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години на кривични предмети. На 20 мај 2008 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела, а по само два месеца, на 17 јули 2008 година избран е за Претседател на Врховниот суд. Функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија ја извршува до 17 јули 2012 година. Од вчера повторно е на чело на овој суд.

Кога во 2008 адвокатот година беше избран за прв човек на Врховен суд, неговата вртоглава кариера ја засени кумството со екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во прислушуваните разговори на опозицијата од кои можеше да се слушне негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.

Јово Вангеловски има долг анкетен лист, во кој е наведено што тој се поседува. Во Антикорупциската комисија пријавил дека има четири стана во Скопје, деловен простор, градежно и земјоделско земјиште. Вози „Мерцедес“ Е 300 кој го купил во 2013 година, а освен тоа во гаражата на семејството Вангеловски уште има и „Лексус“, „Тојота“ и „Крајслер“. Поседува многу акции од кои зема дивиденда, а има и неколку кредити. Претседателот на Врховен е љубител на уметнички слики, а поседува сребрен и златен накит и два рачни часовници „Картие“.

Судскиот совет избра и в.д. претседател на Кривичниот суд, тоа е Стојанче Рибарев, неодамнешен претседател нa Апелацискиот суд во Штип, а од октомври 2016 година судија во Врховниот суд.

Претседателот на Судскиот совет ,Зоран Караџоски,  го пофалил Рибарев дека бил најискусен и затоа е поставен да го води проблематичниот Кривичен додека не се избере претседател.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани

Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село

Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село