Како американската амбасада ги коментира измените на Кривичниот законик?
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2023 19:01
Aмериканската амбасада во Скопје допрва ќе ги разгледува измените на Кривичниот законик кои предвидуваат намалување на казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, а кои вчера по скратена постапка, беа усвоени во парламентот.
„Не ги видовме измените на Кривичниот законик неодамна воведени во парламентот. Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме и се надеваме дека се усогласени со меѓународните стандарди и правните процеси“, велат од Амбасадата на САД за ТВ 24.
Делегацијата на Европската Унија, вчера порача дека сè уште не може да коментира за употребата на знамето на ЕУ во овој конкретен случај.
Претседателот Стево Пендаровски денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




