23 Ноември, 2024
0.0277

Како да ги заштитиме овошјето и зеленчукот, но да нe претераме со пестициди?

Објавено во: Агробизнис 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Пиперки од Македонија со токсичен пестицид беа откриени во Хрватска, а српски краставици наменети за словенечкиот пазар беа запрени на граница затоа што кај нив бил пронајден фунгицид металаксил. На хрватската граница, летово е вратена пратка со праски која пристигнала од Србија поради утврденото високо ниво на пестицид хлорпирифос, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.

Земјоделците велат дека мораат да ги прскаат овошјето и зеленчукот, за да ги заштитат од болести и штетници, но се трудат да одржуваат некој баланс, да не претеруваат со употреба на пестициди. Додаваат дека и препаратите се скапи, а воедно и самите ја консумираат храната која ја произведуваат, па во нивни интерес е да прскаат само доколку е неопходно.

Ние прскаме пред да има род, а кога ќе почнеме да береме пиперки, тогаш избегнуваме прскање. Ги штитиме насадите со три прскања додека да почнат да раѓаат. Повеќе превентивно прскаме“, вели Јадранка Митровиќ, земјоделец.

Друга земјоделка објаснува дека ниту една култура не успева без прскање, дури ни лукот или кромидот.

„Зависи какви препарати користите, но мора да се прска, нема шанси да успее без прскање. Триесет години сум земјоделец. Минимално треба да се прска, не многу. И ние ја јадеме таа храна, а досега никој не се жалел од производите“, рече Фиданка Трајковска, земјоделец.

Друга помлада земјоделка вели дека лично оди на варијантата да има поситен род, но да е здраво, да има што помалку хемикалии. Додава дека сака да јаде здрава храна.

„Само на почетокот после садењето прскаме, а потоа не. Ова се однесува за мене, за другите не знам да кажам. Сакам да јадам здраво. Ова си мириса на пиперка. Има и дамки на плодот, но тоа е природно. Сопругот дава прехрана преку лист“, додава млада кумановка.

Ристо Велков од Земјоделскиот Синдикат од Струмица oбјаснува дека секој земјоделец треба да прска онолку колку што е потребно.

„Препаратите се скапи, така што не верувам дека некој претерано прска, туку напротив сигурно и штедат. Треба на почеток за превентива да се прска, а потоа ако се појават болести и да се почитува каренцата, односно си има рок колку дена не смее да се бере после прскањето“, рече Велков.

Агрономите велат дека без прскање не може да се замисли овошјето и зеленукот да имаат солиден род, со убава текстура кој би била примамлива за „око“, за продажба на пазар. Денес има многу штетници и болести кои ги напаѓаат растенијата. Додаваат дека многу препарати кои порано се користеле, денес се исфрлени од употреба, но тоа веројатно ќе се случува и во иднина.  Кога земјоделците купуваат препарати за прскање на насадите, мораат да ги почитуваат правилата, да знаат колку време по прскањето не смеат да консумираат од храната.

„Има одредено време кога треба да се прска, кога ќе се појави болест, зависи од околностите. На секој пестицид си пишува после колку време по прскањето смее да се јаде од плодовите, си пишува колку од тие материи остануваат во почвата. Со некој препарат на пример се прска трипати во годината, а ако се појави болест кај пиперката, земјоделците мораат да прскаат на неколку дена. Има болести и инсекти кои се отпорни на некои препарати. Има укинати препарати кои се штетни. Има препарати кои во другите држави се исфрлени, а кај нас уште се користат, но ќе дојде време и кај нас ќе ги исфрлат. Решение нема, мора да се прска. Нема нешто што не се прска, се прска и гравот и боранијата“, додава агроном од Куманово.

Неконтролираното користење на пестициди му штети на организмот и може да предизвика разни болести. Во многу земји во светот се случувало во земјоделските производи да откријат голема количина на пестициди.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/mbpikoso

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку