Како да им се допаднете на луѓето?
Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2012 21:12
Веројатно поголем број од Вас се реши за опцијата бр:3.
Зошто е тоа така?
Како што диксутиравме во претходниот текст, човековиот ум е исклучително сложена алатка која со неверојатна брзина ги калкулира и мери параметрите кои ќе ги добие. Сепак, имаме тенденција да носиме нерационални одлуки.
Луѓето размислуваат во апсолутни бројки. Во случајов за иста цена од 70$ имате две опции од кои јасно е дека втората е поисплатлива (за истиот износ добивате две претплати за интернет и за печатено издание). Меѓутоа се чини дека автоматски ја одбиваме првата варијанта. Но, зошто се изгуби опцијата бр:1?
Кога имаме две варијанти кои се лесно споредливи, нашиот мозок автоматски ја отфрла неспоредливата варијанта и на тој начин несвесно сме насочени кон изборот што треба да го направиме, а во овој случај изборот е сосема извесен. Што би рекло, првата опција е ставена да биде лажна и има единствена цел да ве насочи кон посакуваниот избор за продавачот. Нормално дека ова не е сигурна комбинација за продавачот, впрочем правото да не се претплатите за ништо останува да ви биде една од опциите, но доколку веќе сакате да читате зошто да не добиете две во едно.
Колку пати на полиците во маркетите сте забележале два производи од истиот производител? Постои само една разлика. Едното пакување има 20% гратис, другото е во стандардно пакување и се продава по истата цена. Изборот е нормално логичен. Човековиот мозок ги елиминира сите опции кои стојат на полицата и се решава дека е најдобро да се купи пакувањето со 20% попуст. Причината е поради тоа што двата производи стојат еден до друг и се лесно споредливи. Секако стандардните пакувања стојат само како насочувач на Вашата одлука.
И за крај едно истражување во САД покажало дека од горенаведените причини најдобар начин да и се допаднете на некоја девојка е да излезете во двојка со Ваш пријател кој изгледа слично на Вас, но има за нијанса помалку квалитети. Можеби е понизок, или има помалку коса, или потешко се опушта во друштво. Од истата причина поради која мозокот го бира пакувањето, девојката ќе го избере оној што визуелно нуди повеќе, елиминирајќи ги другите опции.
Значи кога друг пат ќе ве викнат на состанок во двојки, добро размислите која е причината за таквиот повик.
Сепак, светот не е базиран на заговори и нормално дека нема да прашувате зошто ве викаат на состанокот во двојки. Луѓето може да помислат дека нешто не е во ред со Вас. А професорите кои го правеле ова истражување очигледно е дека имале доста слободно време.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





