19 Декември, 2025
0.0559

KAKO ДА СЕ СПАСИМЕ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО: Повеќе зеленило, казни или промена на нашите навики?

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2018 06:30

Добивај вести на Viber

Доколку не се променат навиките и однесувањето на луѓето, доколку не се преземат сериозни мерки за спроведување на законската регулатива и казнените мерки, ниту едно зеленило нема да го ублажи загадувањето на воздухот во урбаните средини, вели Нешат Аземовски од Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 – Битола.

Тој објаснува дека кога зборуваме за загадувањето тоа е комплексен поим кој го вклучува и загадувањето на водата, почвата, бучавата, отпадот, опасниот отпад итн.

Неодамна и Скопје се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, а податокот беше објавен на airvisual. Има денови кога скопјани дишат многу позагаден воздух од граѓаните во другите престолнини од регионот, па и пошироко.

„Прво и основно, големите европски градови се градени и развивани низ вековите со урбано планирање, широки булевари со зеленило, широки плоштади и достапност на вода. Развојните планови вклучуваат одржлив урбан транспорт со сите форми и елементи, дислокација на индустриските објекти и од најмал обем во индустриски зони и секако користење на природен гас за домаќинствата и индустријата. Она што е најважно и треба да го земеме за пример кај нас е стриктно спроведување на законската регулатива и казнените мерки за загадувачите. Она што се случува кај нас се неправилно планирани, проектирани и изведени градежни објекти без зеленило, соодветен паркинг простор, игралиште за деца, пристапни патеки за велосипеди и тротоари. Мали и средни фирми во централно градско подрачје кои вршат сериозни загадувања и за кои нема контрола ниту казни, ниту дислокација. Кога зборуваме за загадување, секогаш прво на ум ни е аерозагадувањето, без притоа да мислиме на загадување на почвата од моторни масла, загадување на површинските и подземните води со нерешени системи за прочистување на отпадните води ниту од индустријата ниту од градовите, а скоро секогаш ја забораваме бучавата како загадување која негативни влијае врз квалитетот на животот на луѓето. Примери од светот кои се применливи на пример во Битола се воведување на нечујни електрични трамваи за градскиот превоз. Некој ќе рече скапа, неисплатлива инвестиција, а јас ќе прашам колкава е цената на човечките животи на сегашните и идните генерации, воведување на гасификација и најважно промена на навиките на луѓето кои крајно неодговорно се однесуваат кон урбаните аспекти на жиивеење, заштитата на животната средина и природата. Всушност промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“ – вели Аземовски.

Во однос на климатските промени, без разлика дали сме на ставот дека се долгорочна циклична промена или резултат на влијанието на индистриската револуција последните 300 години, факт е дека постојат и Аземовски вели дека мора да преземеме активности за адаптација и ублажување на негативните ефекти на ниво на локално урбано живеење.

„Една илустрација, Битола има вода за пиење ако има снег на планините. Последните години го има сè помалку. Иако количината на врнежи е поголема дождовите предизвикуваат измивање на почвата, нејзина ерозија и поплави. Недозволено и незамисливо е миење на автомобилите со вода за пиење, миење на улиците и наводнување на овошните и зеленчукови насади. Тоа е она што се случува не само во Битола туку и ширум цела Македонија. Веројатно како во Кејптаун деновиве слушаме дека секнале изворите за вода и градот нема вода во водоводниот систем. Дали и нас треба да ни се случи таков драматичен настан па да почниме да размислуваме и делуваме на поинаков начин?“ – прашува тој.

Што се однесува го загадувањето на воздухот, синоќа високо загадено беше во Тетово, Куманово, Кочани и Кавадарци, средно загадено беше во Кичево и Струмица, додека ниско загаден беше воздухот во делови од Скопје, Битола, Велес и Дебар.

На Балканот по загаденоста на македонските градови можат да им парираат неколку градови од БиХ. 

Во земјава годишно загадениот воздух убива околу 2000 луѓе, а во Европа од истиот проблем страдаат повеќе од 500.000 луѓе. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти