Како да спорите со шефот, без да ја ризикувате работата?
Објавено во: Финансии 08 Април, 2017 10:45
Многу луѓе се плашат да му се спротивстават на шефот, бидејќи сметаат дека тоа може да ги чини работата. Не е речено дека, сепак, секој спор треба да се претвори во скандал. Еве неколку совети како да водите дебата со главниот.
1. Користете јас-изјави
За да избегнете критики и префрлање на вина кога сакате да известите за лошите вести, употребувајте почесто т.н. „јас-изјави“.
„Чувствувам дека нашите вработени преферираат да не искажуваат мислење, бидејќи се плашат да не бидат критикувани“. Во оваа реченица се гледа дека вие ја нудите вашата лична гледна точка, без да ја префрлувате одговорноста врз некој друг. Јас-изјавите оставаат доволно простор за слободна дискусија и толкување на различните верзии на вистината.
2. Побарајте заеднички јазик
Кога дискутирате за даден проблем, потсетувајте го вашиот шеф дека имате заеднички цели, со помош на конкретно дејство или одлука. Користете ги вашите допирни точки и заеднички интереси, за да го наведете разговорот во насоката во која сакате, и не пропуштајте ја можноста да го поддржите кажаното со реални податоци и статистики.
Поверојатно е дека шефот ќе му обрне внимание на некој кој е подготвен да го оспори неговото решение со факти и предлози за промена, особено во случаите кога неговиот избор се однесува на општото добро.
3. Поставувајте прашања
Обично шефовите знаат повеќе од вас. Бидете сигурни дека навистина сте во право, пред да одите да дискутирате за даден проблем со нив. Обидете се да замислите поголема слика и позицијата која ја заземате вие и вашите колеги, во очите на претпоставените менаџери.
Поставување на корисни прашања може да ги отвори очите на вашите претпоставени и тие сами да видат дека грешат, без да треба да се правдате пред нив. Кога ќе одлучите да ги споделите со нив лошите вести, секогаш гледајте да оставате простор за дискусија и анализа, користејќи изрази од ваков вид на „Грешам ли?„ Или „Јас ли грешам?“ Така не само што ќе добиете дополнителни информации, но и ќе ја намалите и силата на лошите вести.
4. Предложете решенија
Ако сте подготвени да искажете мислење, тогаш сте подготвени да ги сносите и да одговорност за него. Дури и во случаите кога вашиот шеф е единствениот виновник за лошиот избор, сите заедно треба да и помогнете на компанијата да се справи со проблемот и да продолжи напред.
Ако приодите добронамерно кон ситуацијата, добриот шеф ќе ви биде благодарен за вашата искреност и посветеност. Компанијата ќе има поголема шанса за успех, а шефот ќе си ги извади потребните поуки од доживувањето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





