19 Мај, 2024
0.0358

Како да водите среќен живот?

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Со цел да си ги подобрите квалитетот на животот, здравјето и благосостојбата, потребни се низа подобрувања и придржувања до некои правила, кои со текот на времето треба да ви станат начин на живеење. Преку одржување здрави навики и одбегнување на помислата за откажување, може да се постигнете посакуваната цел. Само здрава личност може да се чувствува слободно и независно, да ги оствари своите планови, храбро да тргне кон својот сон, да ги надмине тешкотиите, односно, со други зборови, да живее исполнет и среќен живот.

1.  За квалитетен сон

Една третина од животот ја поминуваме спиејќи, па не можеме да ја потцениме важноста на добриот сон за квалитетот на живеењето. Студија од 2011 година докажува како ни влијае спиењето врз животот. Луѓето што практикуваат попладневна дремка се поимуни на негативните емоции и подобро реагираат на позитивните. Не само што недостигот од сон предизвикува емоционални проблеми туку квалитетниот сон може да ни донесе и емоционални придобивки. Со други зборови, добриот сон нè прави многу попозитивни и, генерално, посреќни.

2.  Бидете што е можно повеќе опкружени со друштво на семејството и пријателите

Веројатно сте го слушнале ова порано, но една од петте работи за кои луѓето најмногу се каат во животот е токму поради тоа што не поминале доволно време или што не биле во контакт со семејството и пријателите. Кога поминуваме повеќе време со луѓето за кои се грижиме, правиме нешто корисно и за квалитетот на нашиот живот. Ден Гилберт, професор по психологија на Универзитетот Харвард, го објаснува ова многу добро: „Среќни сме кога имаме семејство, среќни сме кога имаме пријатели и речиси сите други работи што мислиме дека нè прават среќни се, всушност, начин за тоа како да го прошириме кругот на пријателите и како да го зголемиме семејството“.

3.  Поминувајте повеќе време надвор

Според книгата „Предноста на среќата“ („The Advantage of Happiness“), кога сме надвор барем 20 минути,  не само што ни се подига позитивното расположение туку и ни се проширува умот и ни се подобрува работната меморија. Друга студија, пак, на Лондонската школа за економија и политички науки, исто така, го поддржува ова тврдење. Кога сме надвор, на сонце, за многумина тоа е совршено место за уживање. Најсреќни сме кога поминуваме време во природа. Всушност, учесниците во истражувањето сфатиле дека се најсреќни кога се надвор во природна средина, а не кога се во урбана средина.

4.  Помагајте им на другите

Можеби ќе се изненадите кога ќе го слушнете ова, но трошењето пари за други луѓе (наречено просоцијална среќа) ја зголемува нашата среќа повеќе отколку кога купуваме работи за себе. Во истражување на Харвард од 2012 година, половина од учесниците требало да потрошат пари за купување работи за себе, додека другата половина требало да купува работи за други. Еве ги резултатите:

Учесниците на кои им била дадена задача да купат нешто за другите изјавиле дека се чувствуваат значително посреќни. Што е најважно, посреќните учесници истакнале дека е поголема веројатноста да изберат да потрошат пари на други луѓе во блиска иднина. По ова, сфаќаме дека не е ни чудо што некои милионери и милијардери се активни филантропи. Докажано е дека филантропијата ја зголемува среќата.

Помагањето на другите не значи секогаш дека треба да потрошите пари. Можете, исто така, да поминувате дел од вашето слободно време, на пример, во волонтирање. Волонтирањето го зголемува целокупното задоволство од животот.

5.  Осигурете го животот

Вашиот живот не би бил целосно среќен и исполнет доколку го немате она чувство што е и основно човеково право - чувство на безбедност и сигурност.Кроација осигурување - живот нуди голем број продукти и опции за осигурување на животот, кои нудат и можност за избор на еден или повеќе видови дополнителни осигурувања. Тоа можете да го направите со која било полиса од осигурителното портфолио на Кроација осигурување: Индивидуално осигурување на животот,  Ексклузив осигурување на животот, Коко детското штедно осигурување, Твој кро лајф инвест и Ризико плус осигурување, кои како дополнителни осигурувања нудат:

·осигурување од незгода,

·здравствено осигурување од тешки болни состојби,

·здравствено осигурување од малигни болести,

·здравствено осигурување во случај на операции,

·дополнително ризико осигурување (освен кај Ризико плус осигурувањето),

·дополнително осигурување за ослободување од плаќање премија во случај на траен инвалидитет или неспособност за работа.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места