Добивај вести на Viber
Важноста на инвестирањето во успешен тим, минатата година се покажа како многу профитабилно. Многу компании сфатија дека нивните вработени одговорни за голем дел од нивниот успех.
Многу автори се посветија на истражување на темата за тим-билдинг при што во нивните анализи се повикуваат на примери од најуспешните компании во светот
Американскиот аналитичар Екатерина Волтер направи истражување за тоа кои елементи ја подобруваат ефикасноста на компанијата, а нејзините заклучоци ги донесува врз база на успесите на тимот на Facebook предводен од Марк Цукерберг.
Притоа, посебно внимание во своjата анализа обрнува на политиките за вработување Цукерберг кои се темелат на вистинскиот став на луѓето, а не толку на нивните вештини.
Вработување на вистинските луѓе
Facebook ги третира своите вработени многу внимателно. Им обезбедува бесплатна храна, бесплатно хемиско чистење и други слични привилегии.
Но, и покрај ова, вистинска атракција е само културата и престижот на компанијата, која се рефлектира во визијата на нејзиниот лидер Марк Цукерберг.
Тимот на Facebook е еден од најсилните во индустријата, а тоа се должи во голем дел благодарение на стратешкиот пристап кон ангажирање на најдобрите луѓе.
Првата лекција која може да се извлече од успехот на Facebook е потребата да се развијат паметни стратегии за вработување кои се во согласност со вредностите на компанијата.
Затоа, неопходно е да се донесат вистинските луѓе кои ќе се вклопат во компанијата брзо и лесно. Логично прашање е како да се идентификуваат вистинските луѓе. Вистинските луѓе на компанијата не секогаш се оние кои ги имаат формалните предности, туку оние кои имаат сопствено мислење и вредности кои одговараат со принципите на компанијата.
Најуспешните компании во светот практикуваат да вработат таленти во сопствениот тим. А потоа во согласност со нивните вредности да им најдат соодветна улога во тимот.
Сите вредат подеднакво
Facebook е пример за таква компанија, бидејќи тој знае колкава вредност имаат добро избрани луѓе. Во пракса, компанијата ги охрабрува своите вработени да работат исклучиво на проекти за кои се вистински заинтересирани, затоа што цврсто веруваат во принципот дека најдобрите работи произлегуваат од оние луѓе кои работат од свој интерес и со воља.
На тој начин, вработените даваат се од себе, а оа им помага понатаму на луѓето во нивниот развој и нивната креативност. Меѓу поединците во тимот не постои никаква разлика, не се потенцираат разлики во години или образование, сите се почитуваат врз основа на нивниот придонес за развој на компанијата
Во таква средина е можно да ги реализираат сопствените идеи, без разлика дали се практиканти или претседател. Заклучокот е дека вреди да им се нудат на вработените нетрадиционален начин, врз основа на нивните придонеси.
Дека формалните предизпозиции не се секогаш и најважни најдобро е илистрирано во примерот на Стив Џобс кој кажа дека големите луѓе кои работеле на Мекинтош биле музичарите, поетите, историчари и уметници.
Големите лидери учат од нив, но неговиот пример потврдува дека при вработувањето понекогаш треба да отстапи од формалните принципи и им се верува на инстинктите. Ако препознаете потенцијален вработен вреден за вашата компанија, вработете го.
Запомнете дека вештини брзо и лесно да се научат, но страста кон работата не е.