04 Мај, 2024
0.0259

Како големите македонски банки ги прават големите пари?

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје за орочени влогови и депозити платиле камати во износ од 36,75 милиони евра, а откако значаен дел од тие орочени влогови и депозити ги пласирале како кредити и заеми од каматите заработиле 186,9 милиони евра! Нето разликата создадена од тоа што наплатиле и тоа што платиле е 150 милиони евра!!!

Трите најголеми деловни банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје лани заедно оствариле нето приходи од камати во износ од 150 милиони евра! Ова е приход што банките го прават, наједноставно речено, како разлика од каматите што банките ги наплатуваат за кредитите што ги пласираат на фирми и граѓани и каматите што банките ги плаќаат за депозитите на граѓаните и фирмите чии пари ги чуваат.

Пресметката покажува дека трите најголеми банки на крајот на 2016 година заедно имале депозити од граѓани и фирми во вкупен износ до 3,461 милијарди евра и за камати на тие пари на граѓаните и на фирмите им платиле 36,75 милиони евра. Тоа е 1,06 отсто од износот што го добиле на чување!

Значаен дел од парите што ги чуваат како депозити и орочени заштеди банките ги пласираат на кредитниот пазар во форма на кредити и заеми на клиенти. Лани трите најголеми банки пласирале во кредити вкупно 2,454 милијарди евра. На тие пласмани банките наплатиле камати во износ од 186,9 милиони евра. Наплатените камати се 7,6 отсто од пласираните кредитни средства!

На овој начин се јавува нето разлика во корист на банките која се вика нето приходи од камати и за лани изнесува 150 милиони евра за трите банки. Најголем дел од овие нето приходи од камати се главниот агенс што ги билда нето добивките на трите најголеми банки.

Стопанска банка Скопје

Оваа банка, најголема според капиталот на нашиот банкарски пазар, лани имала депозити и орочени штедни влогови во висина од 1,107 милијарди евра и за нив на сопствениците на тие пари платила камати во вкупен износ од 14,4 милиони евра. Трошокот на банката за добивањето на овие пари е 1,3 отсто од нивниот износ. Истовремено банката лани имала кредитни пласмани во износ од 973,2 милиони евра од кои наплатила камати во вкупен износ од 70,5 милиони евра. Тоа е 7,2 отсто на пласираните средства. Соодносот меѓу приходот од камати и трошокот за камата е 56,1 милиони евра во корист на банката.

Комерцијална банка

Најголемата домашно поседувана банка и банка со најголема депозитна база. Лани имала депозити и заштеди во износ од 1,413 милијарди евра. На нив платила 9,05 милиони евра за камати. Тоа е трошок од 0,64 отсто од вредноста на депозитната база. Наспроти тоа оваа банка пласирала 733,7 милиони евра во кредити. На тие пари лани наплатила камати во износ од 58,9 милиони евра. Тоа е 8 отсто од пласираните средства и има подобар коефициент во однос на „Стопанска банка Скопје“. Соодносот меѓу приходите од камати и расходот за камата е 49,85 милиони евра во корист на банката.

НЛБ Банка Скопје

Третата најголема банка лани по кредитни пласмани ја надмина „Комерцијална банка“. Нејзината депозитна база на крај на 2016 година изнесува 941,4 милиони евра и на тоа платила односно имала трошок кон споствениците на парите во износ од 13,3 милиони евра. Трошокот е 1,4 отсто од висината на депозитната база. Споредено со другите две најголеми банки НЛБ Банка Скопје има најголем трошок за депозитната база. Оваа банка лани пласирала 747 милиони евра кредити и од тоа наплатила 57,5 милиони евра камати. Приходот од камати е 7,7 отсто од пласираните средства. По тоа е помеѓу „Комерцијална банка“ која има највисок приход во однос на пласирани кредити и „Стопанска банка Скопје“ која е за нијанса послаба од НЛБ Банка Скопје. Нето резултатот меѓу приходите од и расходите за камати е 44,2 милиони евра во корист на НЛБ Банка Скопје.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот