29 Март, 2023
0.0197

КАКО ИМ УСПЕА ДА УКРАДАТ 1,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТОВАЛУТИ: Лидери се, во светот им нема рамен

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Северна Кореја, која важи за технолошки неразвиена земја, е лидер во кражбата на криптовалути на глобално ниво.

Имено, нејзините хакери минатата година украле дигитални пари во вредност од 1,7 милијарди долари, велат од компанијата Chainalysis која се занимава со анализа на блокчејн пазарот. Ова е четири пати повеќе од сумата што успеале да ја земат во 2021 година.

Колку е сериозна оваа бројка покажува фактот дека на севернокорејските хакери им се припишува речиси половина од вредноста на украдените криптовалути на целата планета. Минатата година, се разбира, со нелегални методи беа украдени вкупно 3,8 милијарди долари дигитални пари. Ова е за половина милијарда долари повеќе отколку што беше украдено во 2021 година.

Добар дел од таа сума помина низ рацете, односно тастатурите на севернокорејските хакери. Се сомнева дека тие се поддржани од државата и дека дел од овие пари ќе бидат наменети за продолжување на финансирањето на развојот на нуклеарно оружје. Уште повеќе, американските безбедносни службеници веќе пресметале дека една третина од тие пари ќе завршат во програмата за развој на оружје.

Исто така, се додава во овој извештај, постојат сериозни индиции дека Северна Кореја е вмешана во „перење“ на дигитални пари и NFT украдени од други хакери, како и дека е вмешана во некои акции на групата „Лазар“, која крадела криптовалути во голем обем.

ФОТО: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА И ДО 3.000 ЕВРА, ЗА КЕЛНЕРИТЕ ДО 1.500 - потрагата по сезонци никогаш поголема, еве кои земји се „најзагрозени“

ПЛАТА И ДО 3.000 ЕВРА, ЗА КЕЛНЕРИТЕ ДО 1.500 - потрагата по сезонци никогаш поголема, еве кои земји се „најзагрозени“

ПУКА БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ? Падот на цените на становите е видлив во повеќе држави, ќе биде ли ова сигнал и за Балканот

ПУКА БАЛОНОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ? Падот на цените на становите е видлив во повеќе држави, ќе биде ли ова сигнал и за Балканот

НЕ ИМ Ѐ ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ, А ЗАРАБОТУВААТ НАД 1.000 ЕВРА! Едно работно место во Србија носи и до 4.000 евра

НЕ ИМ Ѐ ПОТРЕБЕН ФАКУЛТЕТ, А ЗАРАБОТУВААТ НАД 1.000 ЕВРА! Едно работно место во Србија носи и до 4.000 евра

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

ДЗР: Приходите на пензискиот фонд не ја покриваат исплатата на социјалните бенефиции

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

ДАЛИ КОЛАПСОТ НА НЕКОЛКУ БАНКИ Е ВОВЕД ЗА ПОДЛАБОКА БАНКАРСКА КРИЗА: Каква е состојбата десет дена подоцна?

ДАЛИ КОЛАПСОТ НА НЕКОЛКУ БАНКИ Е ВОВЕД ЗА ПОДЛАБОКА БАНКАРСКА КРИЗА: Каква е состојбата десет дена подоцна?

Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи

Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет за да му се пожали на цените

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет за да му се пожали на цените

Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм

Љупчо Николовски: Кромидот не смее да биде 100 денари килограм