26 Ноември, 2024
0.0268

Како им успеа на Пехчево и Валандово да немаат ниту еден активен случај на коронавирус?

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Пехчево и Валандово се два македонски града кои немаат ниту еден активен случај на коронавирус.

И двете се мали општини со по неколку илјади жители.

Од Здравствениот дом во Валандово велат дека населението било дисциплинирано, се носат маски, а големо движење нема од општина од општина. Оние кои биле заразени и се излечиле, со вирусот се инфицирале во Скопје.

„Во продавници, во институции се носат маски, граѓаните ги почитуваат мерките, а оние кои беа повратници од Германија, Италија се придржуваа до мерките за изолација. Имавме неколку случаи, но сега активни случаи нема во Валандово“, додаваат од Здравствениот дом во градот.

Сузана Каракашова, епидемиолог од Пехчево вели дека имаат добра соработка со граѓаните, матичните лекари,  и со полицијата која ги контролира луѓето во изолација, и тоа засега вродило со плод, а за понатаму не се знае каква ќе биде состојбата. Таа вели дека оние 6 случаи на заразени кои ги имале, се работело за лица кои имале контакти во главниот град, и на тој начин се пренел вирусот.

„Вирусот во сите тие случаи ни беше импротиран. Овде луѓето се придржуваат до мерките, до она што ќе им го кажеме. Ние сме авторитет, јас личнo работам 25 години и верувам дека луѓето ги слушаат моите совети. Бројот на жители е мал, а младите се придржуваат до мерките исто како и секаде низ Македонија. Ќе видиме како ќе биде состојбата понатаму, но сега засега немаме активни случаи во општината“, додава таа.

Мал број на заразени има и во Берово и Македонска Каменица.

Во Македонија вирусот однесе повеќе од 500 животи. Иако повеќето починати се повозрасни луѓе, сепак имаше и млади под 30 години кои не се изборија со вирусот.

Голем број активни случаи има во Скопје, Куманово, Штип, Свети Николе.

Секој ден Македонија има двоцифрен или троцифрен број на заразени со коронавирусот.

Досега коронавирусот е дијагностициран кај повеќе од 11.000  граѓани. 

Во Македонија досега се направени над 105,000 тестови. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик