КАКО ЌЕ БИДЕ ОБЛЕЧЕН ЗЕЛЕНСКИ: Трамп очекува украинскиот претседател да се појави во костум
Објавено во: Свет 18 Август, 2025 15:34
Белата куќа испрати официјално прашање до украинските претставници за облеката на Володимир Зеленски - Претседателот на САД, Доналд Трамп сериозно сакал украинскиот претседател да отиде облечен во костум. Информацијата ја пренесе „Аксиос“, од како што велат, два извори со директни инфорамации.
Оваа тема се отвори и претходно, кога во март двајцата лидери имаа средба во Белата куќа, која се претвори во дипломатско фијаско. Трамп тогаш не беше задоволен што Зеленски се појави во воен стил во неговиот кабинет.
На средбата, американскиот претседател даде саркастична забелешка: „Тој е навистина дотеран денес“. Во тоа време, некои американски претставници проценија дека прашањето за костумот делумно придонела за исходот од средбата.
Според изворите на „Аксиос“, Зеленски ќе дојде во Белата куќа облечен во истата црна јакна што ја носеше на самитот на НАТО во Холандија во јуни. „Ќе биде во стил на костум, но не и во целосен костум“, рече еден од изворите. Тој самит беше првпат по руската инвазија во 2022 година Зеленски да носи јакна во деловен стил, а американските претставници потоа оценија дека Трамп е задоволен од облеката на украинскиот претседател. „Зеленски дојде како нормален човек, а не како луд, и беше облечен како некој што припаѓа на самит на НАТО. Значи, тие имаа добар разговор“, изјави американски претставник за „Аксиос“ во тоа време. Еден советник на Трамп рекол, делумно на шега, дека „би било добар знак за мир“ ако Зеленски дојде во костум во понеделник, но додаде: „Не очекуваме тој да го стори тоа“. Друг изјавил: „Би било одлично ако носеше вратоврска, но не очекуваме ниту тоа“. Изворот додава дека потпретседателот Џ.Д. Венс бил уште повеќе иритиран од изгледот и ставот на Зеленски минатиот пат отколку самиот Трамп. „Вратоврската беше проблемот за Џ.Д. кога се случи за прв пат“. Според информациите, Зеленски нема да носи вратоврска на средбата во Белата куќа. Трамп го цени ставот дека светските лидери треба „да изгледаат соодветно“, што за него значи – костум.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




