18 Април, 2024
0.0285

Како „Македонско кредитно биро“ со 5 вработени прави профит од 350.000 евра?

Објавено во: Анализа 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонско кредитно биро е фирма во која просечната нето плата надминува 1.000 евра, а неговиот профит е 56 отсто од приходот на компанијата

„Македонското кредитно биро“ лани остварило приход од 627.000 евра од кои профит е 351.000 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија за лани. Профитот е 56 отсто од приходите, а тоа оваа фирма ја прави можеби и најуспешна домашна компанија кога ќе се споредат остварениот профит и приходите од продажба.

„Македонското кредитно биро“ е единствена компанија која е овластена да води регистар на настанати обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лизинг, осигурување и останати обврски. Овој регистар го користат сите банки и финансиски институции во земјава кои даваат кредити и позајмици. Оваа фирма е основана кон крајот на 2008 година и работи врз основа на Законот за кредитно биро. „Македонското кредитно биро“ е во целосна сопственост на КИБС - клириншката куќа (Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје)

Оваа македонска мала фирма со голем профит вработува 5 лица. Просечната нето исплатена месечна плата по вработен во оваа компанијата изнесува 1.035 евра. Со тоа „Македонско кредитно биро“ е во врот на фирмите со највисока просечна нето плата во земјава.

Од што прави приходи и на што троши пари МКБ?

МКБ има единствен основ на приходи, а тоа се услуги односно податоци за обврски на субјекти спрема банки и доверители по основ на земени заеми. Овој е официјален регистар и банките го користат како важен извор на податоци кога одлучуваат кому и дали да дадат кредити. Од своите партнери МКБ лани наплатило за податоци 627.000 евра. На расходната страна фирмата има три трошковни ставки. Првата се платите на вработените односно сите трошоци на вработените и тие изнесуваат речиси 100.000 евра и се за 15.000 евра поголеми од 2016 година. Другата расходна ставка се останатите деловни трошоци и тие изнесуваат 129.000 евра. 

Има ли фирма во Македонија со просечна плата што надминува 1.000 евра?



Р. Ф. 



Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза