22 Ноември, 2024
0.0286

КАКО „МОДА“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ДОЖИВЕА РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ ЗА 60 ОТСТО - еве кои други компании се септемвриски добитници

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Месечниот берзански билтен секогаш носи интересни информации за домашниот деловен свет, а особено за оние компании кои се котирани на пазарот на капитал.

Септември може да се смета за успешен берзански месец, бидејќи значајно пораснал прометот на пазарот на капитал. Или, како што говорат нивните податоци, порастот изнесува дури 196 проценти, што е одличен резултат особено ако се имаат предвид претходните месеци. Па така, вкупниот септемвриски берзански промет достигнал 9,4 милиони евра.

Притоа треба да се има предвид дека растеле и прометот кај класичното тргување, и кај берзанските блок трансакции, со тоа што блок трансакциите имаат драматичен пораст од близу 300 проценти. Или, преку блок трансакции во септември се истргувале акции во вредност од 4,4 милиони евра, што во однос на претходниот месец е зголемување за 299,7 отсто!

Додека, пак, кај класичното тргување има исто така значаен пораст од дури 140 проценти, достигнувајќи во десеттиот месец од годината промет од дури пет милиони евра.

Пораст има и кај пазарната капитализација, иако поскромен, што всушност ја покажува вкупната вредност која би се добила доколку во исти момент се продадат сите акции на сите котирани акционерски друштва на Берзата. Па така, пазарната капитализација пораснала за 3,45 отсто или акциите на сите компании одеднаш вредат на крајот на септември сума од близу 3,7 милијарди евра.

Најголема пазарна капитализација има Комерцијална банка, па ако одеднаш се продале во последниот ден од септември сите нејзини акции, би се добила сума од 463 милиони евра.  

Во поглед на тоа која била најтргувана акција во септември тоа е сигурно акцијата на нашата најголема банка во земјава, Комерцијална, која учествувала со 65 проценти во вкупниот промет.

Исто така, како и обично, големо учество во прометот имаат и акциите на најуспешната фаремацевтска компанија „Алкалоид“, на која отпаѓа околу 12 отсто од вкупниот промет.

Како трета најтргувана акција е онаа на нафтената компанија ОКТА, која учествува со безмалку 4 отсто во вкупниот промет, а меѓу потргуваните биле и акциите на ТТК банка, Макпетрол, УНИ Банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Битола. Гранит, Тетекс и други компании.

Кои се добитници односно чии акции најмногу пораснале во септември, берзанскиот билтен говори дека на прво место е светиниколската компанија „Мода“, која се занимава со текстил, и чија цена на акциите се зголемила за близу 60 проценти во однос на август. Што ја зголемило толку многу цената на акциите на МОДА, не може да се каже, бидејќи во своите ценовно чувствителни информации оваа фирма нема дадено некои посебни образложенија, па дури и нејзиниот финансиски резултат, на чие образложение всушност се однесува последната ценовно чувствителна информација што таа ја објавила, е малку послаб од претходниот.

Втора по раст на акциите е рафинеријата ОКТА, чии пораст на акциите е 56 проценти во септември. ОКТА беше прашана од Берзата на што се должат големите ценовни растови на таа компанија, што беше особено актуелно во период од неколку денови, на што компанијата одговори дека нема никакви специфични случувања, освен позитивните финансиски резултати што ги бележи оваа компанија.

Огромен ценовен раст од 54 отсто имаат и акциите на Хотели Метропол Охрид, со што оваа фирма влага во најбрзорастечките акции на Берзата во претходниот месец.

Солиден раст на цените на акциите имаат и Цементарница УСЈЕ и Стопанска банка Битола, кои влегле во првата петорка, а кај Стопанска банка Битола треба да се има предвид дека за неа беше објавено дека има намера за присоединување со најголемата домашна банка, Комерцијална банка, што значително го зголеми интересот за акциите на оваа банка.

Берзанскиот индекс МБИ 10 се зголемил за 1,37 отсто во текот на септември во однос на претходниот месец.

 Н.Н.Ф.

Фото: Принтскрин Јутјуб ТВ Стар

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria