„КАКО МОЖЕ ВО ИСТ ДЕН ДА СЕ РАКУВАШ СО ПАПАТА ПА ДА РАЗГОВАРАШ СО ЗЕЛЕНИОТ ЗЕЛЕНСКИ?“ Ванковска за активностите на Силјановска-Давкова
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024
Професорката Билјана Ванковска, со реакција за вчерашните активности на претседателката Гордана Силјановска Давкова.
„Јас нешто не разбирам: како може во еден ист ден да се ракуваш со Папата кој го повикува Зеленски да прифати примирје и да спаси што може да спаси од Украина, а потоа да разговараш со зелениот Зеленски кој бара оружје и пари небаре е способен да ја победи Русија?! Ова мене, простете, ми е малку шизофрена надворешна политика. Т.е. доказ дека Македонија нема своја надворешна политика и оди по умот на САД и на зелените. Ние изгубивме идентитет и име заради НАТО, другарчето на Гога ја изгуби цела држава за тоа исто НАТО и за американските интереси. Два пиони си направиле разговор - во пресрет на големиот празник“, напиша таа на фејсбук.