05 Декември, 2025
0.0893

Кој рано рани….

Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2013 09:45

Добивај вести на Viber

Веќе погодувате, две среќи граби. Некои народни мудрости се вонвременски. Научно е докажано дека луѓето кои стануваат рано многу полесно се справуваат со стресни ситуации и се многу посреќни во животот, за разлика од оние кои спијат подоцна. Главната причина е тоа што луѓето кои стануваат покасно всушност имаат поразличен часовник од оној што е прифатен како норма на однесување и нормално, таквите луѓе многу потешко се справуваат со ситуациите кои денот може да ги донесе. Поради сето ова решивме да ви дадеме неколку совети со цел да се будите порано и да бидете свежи да работниот ден кој ве очекува: 1. Помалку кофеин: Некои велат дека кога им се спие ништо не им влијае, но според оваа препорака добро е барем шест часа пред спиење да не внесувате кофеин 2.Помалку технологија: Просто речено, вашата соба треба да се користи за секс и спиење. Без телевизори, лаптопи и слични други технолошки гаџети. Нека знае организмот дека кога ќе одите во спалната Ве очекува релаксација  3.Разбудете се со светлина: Спијте со отворени завеси, гледајте да има светлина кога ќе се разбудите. Тоа ќе ви помогне полесно да станете и да бидете посвежи 4.Без СНУЗ: Да, тоа е она копче кое ќе ви даде неколку минути дополнителен сон. Реално немате никаков ефект од ова. Напротив ќе бидете пораздразлив кога конечно ќе станете 5.Аларм што не сакате да го искршите: Сигурно сте се нашле во ситуација кога на некој телефонот му ѕвони како вашиот аларм. Ви доаѓа да му го искршите телефонот. Епа ставете музика која нема да ве нервира кога треба да станете, така ќе ви биде многу подобро! Сега да видиме кои луѓе од светот на бизнисот стануваат рано: Риџард Брансон Тој е една од најмаркатните фигури од светот на бизнисот. Станува секој ден во 05.45 часот и денот го започнува со вежбање. Секогаш спие со отворени завеси. Со оглед на тоа дека живее на приватен остров има на што да се радува кога ќе стане од спиење. Дан Акерсон Акерсон е директор на Џенерал Моторс. Ретко кога спие после 04.30, мора да се чуе со луѓето од Азија бидејќи подоцна нема да има никој во нивните канцеларии. Тим Кук Овој човек е наследникот на Стив Џобс, кралот за логистика во време кога Џобс беше алфа и омега во Епл. Станува во 05.00 часот, вежба оди на работа прв и си оди последен. Злобниците ќе кажат дека мора да го прави тоа бидејќи многу тешко ги пополнува чизмите на покојниот Стив Џобс. Стив Шулц Шулц е легендарниот директор на Старбакс. Секое утро вози велосипед и на работа е во 06.00 часот. Овие луѓе имаат исклучително стресни работи. Без дилема вежбањето е најголем потрошувач на стрес. Веруваме дека ова темпо на станување и вежбање рано наутро едноставно мора да го практикуваат со цел да бидат успешни во тоа што го работат. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје