18 Декември, 2025
0.0470

Како новите телефони на преклоп од Samsung го редефинираат мобилното искуство?

Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ги поместуваат границите на иновативните перформанси во светот на телефоните на преклоп, користејќи cutting edge технологии при изработката и бројни функции засилени со надградената Galaxy AI

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2024 15:30

Добивај вести на Viber

Телефоните на преклоп поради нивната форма уживаат репутација на невообичаени уреди, создадени за мобилно искуство на голем екран – двојно поголем од стандардниот, или пак на двојно помал екран, правејќи го супер-лесен за удобен за носење. Сепак, овие две иницијални карактеристики се само предуслов за сите врвни функции кои ги имплементира Samsung во нај-тренди телефоните моментално на пазарот - Galaxy Z Fold6и Galaxy Z Flip6.  

Двојно поголем или двојно помал екран – изборот е Ваш!

За сите корисници кои претпочитаат интеракција со голем екран за следење или извршување на работните обврски од било каде, за забава или релаксација, Galaxy Z Fold6 е уред со екран од 7,6 инчи кога е отворен и може да го замени вашиот таблет, а понекогаш и лаптопот. Наменет за сите оние кои сакаат да ги завршуваат своите работни задачи кога се во движење, овој уред со сигурност ќе ја максимизира вашата продуктивност. Другиот пак, помалиот модел Galaxy Z Flip6 кога е отклопен ја добива стандарната велична на смартфон, додека пак кога ќе го преклопите, добивате двојно помал уред совршен за секој џеб, дури и за најмалата ташничка. Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на обата уреда префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб, а подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се одржи цврстината. Естетски зборувано, новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се карактеризираат со врвен визуелен изглед, дизајн кој за прв пат кај овие модели може да се пофали со најтенка и најлесна за носење изработка на телефони на преклоп од семејството Galaxy досега. Исто така, оваа најнова генерација на паметни телефони на преклоп е опремена со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla®Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.

Galaxy AI кај новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6

Фолд моделите на Samsung веќе се оквалификувани од корисниците како идеални асистенти за продуктивно извршување на работата, а сето тоа сега е уште поусовршено благодарение на Galaxy AI* и бројните ВИ функции кај Galaxy Z Fold6, кои се прилагодени за лесно и едноставно користење. Големиот екран кога е отклопен, е поинтелигентен од било кога досега, нудејќи уште поголема инспирација за креирање. Бројни зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како што е преведеување во реално време, hands-free интерпретатор, алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини, се само дел од бројните функции кои ви се на располагање кај Galaxy Z Fold6. Веќе познатата револуционерна ВИ функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) продолжува да биде една од најкористените, но сега обезбедувајќи генеративни резултати на големиот екран. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат и вашиот лаптоп. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.  

Кај Galaxy Z Flip6, чиј целосен дизајн го прави овој уред ултра-модерен и уникатно привлечен, централна карактеристика е неговиот Flex Window, кој овој пат донесува бројни и нови опции за персонализација напојувани од вештачка интелигенција. Телефонот, кој двојно ја намалува својата величина кога е преклопен и при тоа изгледа неодоливо има многу повеќе опции за виџети и фантастични перформанси на камерите, вклучувајќи подобрена Nightography, Super HDR и уште многу други. Новите 50-мегапиксели широки и 12-мегапиксели ултра-широки сензори носат подобрено искуство во фотографирањето, со јасни и остри детали на сликата. Новиот сензор од 50-мегапикселен сензор поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, како и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x. Galaxy Z Flip6 доаѓа во нијансите на сребрена сенка, жолта, сина и ментолзелена.

Дополнително, новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја поседуваат интегрирана апликација Google Gemini, која претставува личен асистент на корисниците, обезбедувајќи им поддршка при планирање, учење или пишување. Благодарение на компатибилноста на Google Gemini со другите апликации на Google, корисниците ќе имаат можност да уживаат во сосема нови можности за користење на нивните омилени апликации, како што е YouTube.

Комплетирајте го вашиот Galaxy екосистем!

Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот. 

Новите телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 и слушалките Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro се веќе достапни во малопродажба на македонскиот пазар.

* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“