Како од Унгарија ќе го бараме Груевски за испорака кога немаме договор за екстрадиција?
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2018
Замрсено клопче околу бегалецот Никола Груевски. Се уште не може да се лоцира местото каде се наоѓа екс лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ а веќе се јавува и друг проблем.
Македонија ќе мора да го бара Никола Груевски од Унгарија со резервни правни лекови бидејќи немаме склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со таа земја, пренесе Макфакс.
Од Министерството за правда за тој медиум потврдиле дека преку други правни акти ќе побараaт од унгарските власти Груевски да ѝ биде испорачан на Македонија.
Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.