29 Април, 2024
0.0272

КАКО ПЕТТЕ ГОЛЕМИ БАНКИ НАБИЛДАА ПРОФИТ ОД 83 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - моќната банкарска петорка руши рекорди по добивката

Објавено во: Финансии 26 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Дури 90 милиони евра профит оствариле македонските банки во првото полугодие од годинава.

Народната банка ги објави долгоочекуваните бројки за банкарските добивки во првите шест месеци од годинава, кои покажуваат дека тие вкупно тежат 89,2 милиони евра.

И, ако ги погледнеме, можеме да заклучиме дека веќе не е ни вест што низ годините наназад континуирано растат профитите на банките, ниту, пак, тоа дека најголемиот дел од банкарскиот профитен колач го направиле петте големи банки, дури 83 милиони евра. Што значи дека сите други осум банки од рангот на средни и мали, за шест месеци имале вкупна добиувка од само 6,3 милиони евра.

Од јануари до јуни минатата година, пак, вкупниот банкарски профит бил на ниво од 74,2 милиони евра. Ова говори дека добивката во првото полгодие годинава во однос на истиот период лани се зголемила за 15 милиони евра.

А она што е интересно е дека кај големата банкарска петорка има многу поголем раст на профитот за првото полугодие во однос на општиот пораст. Или, кај петте големи банки профитот пораснал за фантастични 23,2 милиони евра во однос на истиот период лани.

Што ги направило големите банкарски профити?

Како и вообичаено, тоа се нето приходите од камати, односно разликата меѓу каматите на кредитите што ги наплатуваат банките и каматите на депозитите што им ги плаќаат на штедачите кои кај нив ги чуваат своите пари.

Па така, во првото полугодие од годинава нето приходите од камати изнесувале околу 133 милиони евра, наспроти 124 милиони во истиот период лани, што ед пораст од девет милиони евра.

Причина за вака високите приходи од камати се големите каматни маргини.

„Со каматна маргина од 4 процентни поени нема банка која не може да работи профитабилно“, вели еден поранешен банкар.

Убави пари банкарите земаат и од провизии и надоместоци, па нето приходите по таа основа во првото полугодие од годинава изнесуваат 48,5 милиони евра, што е раст за околу пет милиони евра во однос на истиот тајминг лани.

Пораснале приходите и од курсни разлики, така што сега се 13 милиони евра, за пет милиони повеќе од претходното полугодие.

Она што како приход се намалило во банкарското работење се останатите приходи од дејноста, така што во првото полугодие од годинава биле на ниво од 23 милиони евра, што е помалку за 12 милиони евра во однос на првите шест месеци од минатата година.

За банкарите многу поволно во првото полугодие од годинава било тоа што значајно се намалиле исправките за ненаплатливите кредити, така што тие од 39 милиони евра лани, во првото полугодие од оваа година се спуштиле на 25 милиони евра, што значи дека овој најголем трошок во банкарското работење е намален за 14 милиони евра, што се одразило поволно врз нивните добивки.

Ако им се намалиле трошоците за исправки, на банкарите им се зголемиле трошоците за вработените. Тие изнесуваат 44,7 милиони евра што е пораст за точно два милиони евра, што значи дека има зголемување или на банкарските плати, или на банкарските бонуси.

Трошоците за амортизација се зголемени за еден милион евра, додека останатите расходи од дејноста имаат зголемување за три милиони евра.

Она што треба да се спомене е дека петте средни банки ја влошиле својата профитабилност, па ако лани нивниот вкупен профит изнесувал 12 милиони евра во првите шест месеци, во оваа година тгој е намален на само пет милиони евра.

Кај трите мали банки, пак, нема поместување, односно нивната вкупна добивка и лани и сега е 1,4 милиони евра.

Лани во земјава функционираа 14 банки, за разлика од сега кога на банкарската сцена постојат 13 банкарски институции, иако не станува збор за губење на банкарска супстанца, бидејќи се споија две банки, односно Охридска кон Шпаркасе банка, со што една голема и една средна банка, сега функционираат како една голема банка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците