Како постапува МОН по пријавите за врсничко насилство?
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2023
Во Министерството за образование и наука (МОН) на електронската адреса за пријавување насилство досега стигнале повеќе од 20 пораки. Пријавите се од ученици и родители.
Во МОН откриле и два-три случаи во кои училиштето не пријавило булинг, затоа што така проценило, иако учениците се пожалиле.
„Но, има различни пријави. Има и добри искуства и препораки од различни страни како ги имаат решено проблемите. Има пријави кога некој лош пример, кој бил исклучен, сега е вратен во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Министерот објасни на кој начин постапуваат.
„Сите пријави, без разлика какви се, има посебен сектор во МОН, со повеќе од пет члена, кои ги повикуваат службите од училиштата, а за да ја потврдиме ситуацијата никогаш не кажуваме податоци кој го има пријавено случајот, дали е трета страна или родител. По доаѓање на службите се бара како имаат постапено законски. Дали е пријавен случајот, дали се известени родителите и по тие записници ние постапуваме. За секој случај Министерството веднаш постапува, но и другите институции како Министерството за труд и социјална политика и МВР“, рече Шаќири.
Од МОН велат дека доколку е забележан каков облик на насилно однесување во училиштата, случајот треба да биде пријавен на електронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk или, пак, до стручните служби во училиштата. По масакрот во училиште во Белград, се актуелизираше оваа тема во јавноста. Во регионот имаше повеќе случаи каде ученици се закануваа дека ќе извршат масакр.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.