16 Мај, 2024
0.0281

Како приходите на „Тиквеш“ стигнаа до сума од 20 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дека „Тиквеш“ е најголем продавач на македонско флаширано вино во земјава и во странство потврдуваат приходите од неговата продажба.

Лани неговата продажба достигна 20 милиони евра и тоа се над 104.000 хектолитри вино флаширано вино

Приходите од продажба на флаширано вино на најголемата и најпозната македонска винарска визба „Тиквеш“ лани надминаа 20 милиoни евра и тоа е зголемување за 13 отсто во однос на приходите од продажба во 2016 година. Заедно со приходите од продажба на флаширана ракија „Тиквеш“ лани остварил вкупно 23,65 милиони евра од продажба на вкупно 113.000 хектолитри флаширано вино и ракија на домашниот и на странските пазари. Од тоа флаширано вино е над 104.000 хектолитри што е за 11 отсто повеќе од лани, а флаширана ракија е 8.959 хектолитри и има раст од 5 отсто во споредба со 2016 година.

Флашираните вино и ракија сочинуваат 99 отсто од продажбата на „Тиквеш“, а само 1 отсто отпаќа на продажба на наливно вино. По овој параметар „Тиквеш“ со оглед на неговата големина и пазарно учество веројатно е без конкуренција од аспект на додадената вредност што ја добива на пазар флашираниот продукт во однос на наливно продаденото вино.

Во продажбата на „Тиквеш“ и речиси подеднакво важни се домашниот и странските пазари. На домашниот пазар компанијата продала 51.462 хектолитри и остварила приходи од 13,66 милиони евра од кои над 10 милиони евра се од продажба на флаширано вино. Продажбата на флаширани продукти на домашниот пазар бележи раст од 8 отсто во споредба со 2016 година.

Извезени се 60.844 хектолитри флаширано вино и од тоа се инкасирани 9,6 милиони евра и тука има раст на приходите од 19 отсто во однос на 2016 година за разлика од домашниот пазар на кој приходот пораснал за 8 отсто.

Од аспект на хектолитрите продажбата на домашниот пазар учествува со 45 отсто, а на странските пазари со 55 отсто. Од аскект на остварените приходи 58 отсто се од продажбата реализирана на домашниот пазар, а 42 отсто од извозот. Тоа значи дека „Тиквеш“ за помалку хетолитри продадени дома генерира повеќе пари од продажбата надвор во однос на продаденото количество.

Од странските пазари српскиот е најважен за продажба на винатата и ракијата на „Тиквеш“. На овој пазар лани „Тиквеш“ остварил бруто приходи од продажба во износ од 5,55 милиони евра и тие бележат раст за 12 отсто во хектолитри и 14 отсто во пари во споредба со 2016 година. Сите други пазари заедно имаат помала продажба од извозот на српскиот пазар. Од достапните податоци се гледа дека приходите од регионов (со исклучок на Србија) имаат најголем прогрес во продажбата. Продажбата во хектолитри пораснала за 32 отсто до 21.435, а продажбата во пари за 28 отсто до износ од 3,53 милиони евра.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно