Нова кампања:„Секој ден да е безбеден“
Како РСБСП ќе ја зголемува безбедноста на децата во сообраќајот?
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2016 13:03
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со новата кампања за заштита на децата во сообраќајот, насловена „Секој ден да е безбеден“, уште еднаш ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата.
Кампањата ќе се реализира во соработка со Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и со надлежните институции на ниво на Република Македонија. РСБСП цели кон тоа да се задржи континуитетот на сообраќајна едукација, а со тоа децата да се стекнат со трајни навики кои секојдневно ќе ги практикуваат во текот на целиот живот, а со тоа да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата, како кај децата, така и кај возрасните, преку практикување на повисоко ниво на култура, свест и одговорност во сообраќајот.
Активностите од кампањата ќе бидат реализирани во наредните 6 месеци, кога ќе бидат организирани повеќе јавни настани за подигање на свеста за заштита на децата во сообраќајот, едукативни материјали и предавања за децата и возрасните, дефилеа, како и реализација на голем број активности, меѓу кои „Децата како коректор на возрасните“, организација на сообраќајно-едукативни предавања во детски градинки на тема „детски седишта“ и поделба на едукативен материјал–боенки и картички со пораки кои ќе бидат подарок за родителите од нивните најмили.
„Децата се нашето најголемо богатство, а наша лична одговорност е секој ден да вложуваме максимални напори за намалување на децата-жртви во сообраќајот и токму затоа апелираме, сите поединци, родители, надлежни институции и останати општествени чинители да се вклучат во оваа кампања, да ја поддржат и да дадат свој придонес кон остварување на нејзините цели“–истакна претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.
Во таа насока, РСБСП и понатаму ќе се заложува за безбедност на децата во сообраќајот, тргајќи од фактот дека во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 9 биле деца на возраст до 4 години. Паралелно со овие активности, РСБСП ќе продолжи да ги остварува целите од Глобалната кампања на Обединетите нации, Save Kids Live-Нула деца жртви во сообраќајни незгоди,
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




