Добивај вести на Viber
Од 2010 до 2012 година, компаниите кои се користат за перење пари, префрлиле од Русија барем 760 милијарди рубли, или речиси 20 милијарди евра, пишува хрватскиот весник Новости.
Оваа шокантна бројка ја објави пред пратениците во Државната дума, поранешниот претседател на Централната банка на Русија Сергеј Игнатијев.
Тој рече дека во 2012-та имало 38,1 милијарда долари сомнителни финансиски операции, а една година порано 33,3 милијарди долари, додека во 2010-та проблематични се 25,9 милијарди.
„За споредба, одливот на чист капитал од Русија во 2012 изнесуваше 54,1 милијарда,а една година порано дури 80,5 милијарди долари“, тврди Игнатијев и додава дека една третина до една половина од одлиениот капитал има сомнително криминално потекло.
Во мај оваа година, Централната банка од полицијата доби прашалник во врска со голем број на компании ангажирани во нелегално финансиско работење и перење пари. Експерти од Централната банка анализираа директните и индиректни финансиски трансакции на повеќе компанијата и нивните извештаи г проследија до полицијата.
Се покажа дека испитаните компании се само мал дел од голема мрежа на компании, која вклучува најмалку 1.173 фирми за прење пари , која однесле од земјата 760 милијарди рубли, и извадиле кеш пари од најмалку 21 милијарди рубли, рече Игнатјев.
Во април оваа година, Сергеј Игнатјев изјави дека експертите од Централната банка рекле дека голем број на нелегални операции извршени под контрола на една група, и со нејзините операции во 2012 година се пренесени од земјата дури 49 милијарди долари.