Добивај вести на Viber
Изгледа како собрание на технолошка компанија во зачеток, но тоа всушност е штаб штабот на сајбер магионичарите на Лабуристичката партија во Велика Британија Blue State Digital.
Тоа е американска компанија која стои зад двете успешни предизборни кампањи на Барак Обама. И тие се на сртот на бранот на една вистинска револуција во водењето на политичките кампањи. Тие го користат интернетот и социјалните мрежи, за да освојат гласачи и пари.
Сем Џефрис, кој е роден во Велика Британија и учел во Харвард, раководи со екипата на Blue State Digital.
"Трите главни работи кои партиите ги сакаат се - направете така што пораките наши ќе стигнат до гласачите, ќе ги мобилизираат луѓето - кампања од врата на врата, телефонски повици, натерајте ги да зборуваат за нас и соберете средства, за да се финансира сето тоа. Се се сведува на овие три работи, без разлика каква е кампањата – пораката, парите и мобилизацијата ", коментира Џефрис.
Тие ги поставиле сите брендови на сајтот на Лабуристичката партија, го оптимизирале процесот на донации и ја прилагодиле комуникацијата со членовите на партијата. Резултатот е повеќе пари.
"Лабуристичката партија има малку над 200 илјади членови. Тоа се многу луѓе - голема убава база за поддршка, но исто така доаѓаме и до милиони други луѓе и како резултат на тоа десетици илјади симпатизери донираа за кампањата мали суми ", додава тој.
Всушност Лабуристичката партија сврте над 470 илјади фунти само за првите две недели од април и сето тоа е од мали донации преку интернет.
Тоа е важна промена за партијата, која традиционално е претекната во однос на финансиите од десно центристичките противници - конзервативците.
Кога парите се присутни, Blue State ги користат социјалните медиуми – имеил пораки и Twitter за да ги рашират ставовите на лабуристите за здравството и проблемот со нееднаквоста.
Политичките партии брзо навлегуваат во дигиталниот свет, користејќи имеил пораки и хитроумна реклама, за да ги промовираат пораките на социјалните мрежи.
Сега сепак тие можат да следат како реагирате на сето тоа. Прашањето е дали тоа нема да доведе до уште поголема фрагментација на политичкиот живот.
K.K.