07 Декември, 2025
0.0521

Како Стратегијата за паметна специјализација (S3) на Северна Македонија ќе и помогне во делот на иновациите и новациските политики?

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2025 07:29

Добивај вести на Viber

Стратегијата за паметна специјализација (S3) на Северна Македонија за периодот 2024-2027 претставува клучен документ за трансформација на националната економија, со акцент на поттикнување на иновациите, конкурентноста и одржливиот раст. Оваа стратегија не само што ги заменува претходните стратегии за конкурентност и иновации, туку го поставува фокусот на специфични области со висок иновациски, истражувачки и економски потенцијал: паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии (ИКТ), електро-машинска индустрија-Индустрија 4.0 и одржливи материјали и паметни згради. Покрај овие вертикални области, стратегијата вклучува и две хоризонтални области, кои се поврзани со вертикалните и имаат потенцијал за вкрстена иновација: енергија за иднината и туризам.

Преку својата ориентација кон иновациска активност, стратегијата создава рамка за подобрени перформанси на земјата на европскиот и глобалниот иновациски индекс. Со фокусирање на специфични сектори со висок иновациски потенцијал, земјата ќе ја зголеми својата конкурентност, преку поттикната соработка помеѓу академската заедница и стопанството, унапредување на процесот на пренос и размена на знаење и технологии меѓу научните институции и деловниот сектор, а со тоа се очекува зголемување на стапката на вработени лица во истражување и развој, како и на бројот на иновативни деловни субјекти и иноватори. Ова е особено важно во контекст на глобалната трка за иновации, каде што економиите кои поинтензивно вложуваат во истражување и развој имаат значително повисока шанса за раст. За илустрација, инвестициите во истражување и иновации во нашата земја изнесуваат околу 0,38% од БДП (од кои учеството на приватниот сектор е само 0,1% од БДП); споредено со државите од регионот, овој износ на финансирање на активностите за истражување и развој е понизок од Црна Гора (0,50%) и Србија (0,97%), а единствено е повисок од Босна и Херцеговина (0,19%). Просечните расходи на земјите од ЕУ се во висина од 2,27% од БДП (од кои над половина се трошоци за истражување и развој во деловниот сектор).

Во рамки на Ѕ3 поставени се повеќе стратешки цели,  пред сè да се создадат основи за научна извонредност, со унапредување на истражувачките инфраструктури, поинтензивна академската интернационализација и поддршка на мултидисциплинарни истражувања во насока на нови технолошки иновации и решенија. Паралелно, се работи на подобрување на екосистемот за иновации, што подразбира создавање на ефективни иновациски центри и хабови и соработка помеѓу научните институции и приватниот сектор. Стратегијата исто така има за цел да ја зголеми конкурентноста и еколошката одржливост на деловниот сектор, поттикнувајќи ја продуктивноста и интерналионализацијата на компаниите и учеството во синџирите на вредност во домените на С3 преку иновативни, зелени и дигитални пристапи. Развојот на човечки капитал и вештини за иновации, како и дигиталната трансформација на економијата и општеството, се клучни аспекти на стратегијата, кои ќе обезбедат подготвени кадри за новите предизвици на глобалниот пазар. На крај, стратегијата вклучува и обезбедување континуиран дијалог меѓу клучните чинители, што е исклучително важно за транспарентноста и ефикасноста во имплементацијата. Овие цели создаваат синергија за одржлив и конкурентен економски развој, со нагласок на иновации и технологија.

Проф. д-р Александра Мартиновска Стојческа

Факултет за земјоделски науки и храна, УКИМ                          

БОДУВАЊЕТО ЗА ИНОВАЦИИ, КАКО ДА СЕ ПОДОБРАТ ПОЕНИТЕ ЗА ИНОВАЦИИ

Бодувањето за иновации претставува следење на широк опсег на индикатори, од расходи за истражување и развој, до бројот на докторанти, и на таков начин нуди вредни сознанија за иновацискиот пејзаж на земјата, а анализите се добра препорака каде треба да се насочи политиката и инвестициите на државата.

Според Глобалниот иновациски индекс Северна Македонија е класифицирана во категоријата на земји новонастанати иноватори, (Emerging Innovators) остварувајќи перформанси од 45,1% од просекот на ЕУ во 2024 година.

1.  Како универзитетите можат да придонесат кон зголемување на иновацискиот индекс?

Универзитетите придонесуваат за подобрување на перформансите во групата на „рамковните услови“ особено во однос на атрактивноста на истражувачките системи и човечките ресурси. Северна Македонија покажа позитивни перформанси и напредок во делот на зголемување на бројот на лица со завршено терцијарно образование, зголемување на бројот на студенти на докторски студии и зголемување на бројот на заеднички меѓународни научни публикации. Најголем успех државата има во делот на запишани странски студенти на докторски студии како % од вкупниот број на запишани студенти. Она што останува како подрачје каде што имаме простор за напредок е во делот на бројот на цитирани научни трудови, како и заеднички меѓународни публикации со бизнис секторот каде би се промовирале резулатите од практиката и применетите истражувања.

2.  Кои се слабите страни кои треба да се унапредат во иднина за да се подобри рангирањето?

Слаби резулатати Северна Македонија покажува во групата на „инвестициските индикатори“ и „индикаторите за иновативните активности“. Она што со години се наметнува како хроничен проблем е директната и индиректната поддршка на дражавата за истражување и развој, вложувањата на бизнис заедницата во истражувања и развој,  како и истражувањето и развојот во јавниот сектор. Бројот на претпријатија кои нудат и вложуваат во ИКТ обуки е многу мал, како и  бројот на апликации за заштита на интелектуалната сопственост во делот на Дизајн. Воедно, потребно е да се зголеми и бројот на лица вклучени во обуки за доживотно учење, како би се стекнале со напредни вештини.

3.  Кои се позитивните достигнувања ?

Бодувањето за иновации покажа дека таму каде што има континуирана Национална стратегија и програма, поддржани со финансиски инструмент, имаме и напредок. Така на пример, развојот на технологии поврзани со животната средина, кои се зголемија за 94,6% поени во споредба со 2023 година, се резултат на напорите на земјата за Зелената агенда за Западен Балкан и имплементација на Националниот план за енергија и клима (NECP). Инвестициите преку Фондот за иновации и технолошки развој, исто така ја подобрија продуктивноста на ресурсите и помогнаа кон извозот на производи и услуги со средна и висока технологија. Една специфика е и дека во Република Северна Македонија постојат иноватори во кои нема вложување на средства за нивните иновации, но сепак доаѓаа до пронајдоци.                          

Проф. Д-р Снежана Билиќ, Проректор за истражување и проекти,

Меѓународен балкански универзитет, Скопје

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј