Добивај вести на Viber
Додека некои европски земји минуваат низ економска криза, Полска успеа да одржи стабилен и постојан раст.
Според податоците, стапката на раст на БДП во 2024 година изнесувала речиси 3 проценти, што е трипати повисоко од просекот на Европската Унија(ЕУ), кој изнесува 1 процент. Така, Полска ги престигна Франција, која имаше раст од 1,2 проценти, и Германија, чиј БДП се намали за 0,2 проценти. Прогнозите за 2025 година се оптимистички - се очекува раст од околу 3 проценти, пренесува bizportal.rs. Во вториот квартал од 2024 година, Полска имаше раст од 0,8 проценти, петти најдобар резултат во ЕУ. Откако се приклучи на Унијата во 2004 година, нејзиниот просечен годишен раст е речиси 4 проценти. Берзата е во пораст, а земјата се смета за една од најдинамичните и најуспешните европски економии, објавува Telegraf business.
„Во последните две децении, Полска дефинитивно ги надмина сите очекувања. Реалниот БДП се дуплираше, што е навистина исклучително“, вели Катаржина Ржентаржевска, главен макроаналитичар за Централна и Источна Европа во Ерсте Груп.
Полска има 37 милиони жители и е петта најголема земја во ЕУ. Според проценките, нејзината економија сега е меѓу 20-те најголеми во светот. Покрај економската, Полска сè повеќе добива геополитичко значење.
Големите социјални програми, како што се детските додатоци воведени од партијата „Право и правда“, помогнаа во потрошувачката, но во исто време го зголемија јавниот дефицит. Министерот за финансии Анџеј Домански проценува дека дефицитот ќе достигне 6,5 проценти од БДП во 2026 година.
foto Wikipedia/McBartosz