Како Вајгл ја коментира изјавата на Дачиќ за Македонија?
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017 18:17
Односите на Србија со соседите, со Босна и Херцеговина, со Хрватска, Косово и Македонија тешко можат да се опишат како прифатливи.
Ова е ставот на словенечкиот европратеник и известувач за Македонија, Иво Вајгл.
Тој ја потенцираше изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ за признавањето на Македонија под уставното име од страна на Србија и порача дека ваквото однесување на Србија мора да биде запрено.
„Србија имаше конфликт и со Македонија, во однос на она што вицепремиерот Дачиќ го кажа за признавањето на Македонија под нејзиното историско име. Овие изјави навистина не се добредојдени. Ваквиот дискурс, ваквата реторика имаше големо ехо во регионот“- изјави Вајгл.
Во интервју за агенцијата БЕТА, Дачиќ изјави дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го призна Косово и го поддржува неговото членство во УНЕСКО. Дачиќ вели дека Белград во билатералните односи со Скопје и понатаму ќе го користи уставното име на Македонија, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во ЕУ и Обединети нации – Поранешна југословенска Република Македонија.
На ова реагираа од македонското МНР од каде порачаа дека политичарите треба да ги продлабочуваат историските односи меѓу Македонија и Србија или барем да преземат одговорност да не го рушат пријателството кое постои меѓу двете земји и двата народа. Додаваат дека ова треба да важи и во услови кога е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО.
Дачиќ потоа изјави дека се согласува дека не треба да се руши пријателството помеѓу Србија и Македонија и дека тој лично многу придонел за развој на тие пријателски односи, но дека гласањето против српските национални интереси, го руши тоа пријателство.
Ставовите на Дачиќ наидоа на одобрување во соседна Грција.Во Србија аналитичарите коментираа дека Дачиќ на Македонија и се заканува со празна пушка.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




