10 Декември, 2024
0.0270

Интервју сo Кире Конев, Управител на компанијата ФМС

КАКО ВАШИОТ НЕДВИЖЕН ИМОТ МОЖЕ ДА СТАНЕ ПРОФИТАБИЛЕН?

FACILITY MANAGEMENT SERVICES - иноватор во управувањето со недвижностите

Објавено во: Македонија, Интервјуа 21 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Доколку имате неискористен недвижен имот или деловен простор кој треба да заживее, т.е. да ви креира профит, ви треба и некој кој ќе се грижи тој да биде функционален, да го следи пазарот на недвижностите и да се грижи за сите оперативни и административни обврски и потреби. Со еден збор, да управува со недвижниот имот. Fаcility Management Services (ФМС) е компанија која има за цел да ги пренесе светските стандарди токму во областа на управувањето со недвижниот имот и да понуди бројни услуги и комплетни решенија - „клуч на рака“.

Кои се услугите коишто ги нуди ФМС и со коишто придонесувате недвижниот имот на вашите клиенти да стане функционален и профитабилен?

ФМС влезе на пазарот со цел да понуди иновативни услуги кои се поврзани со недвижностите и да биде примарен контакт за секој оној кој има недвижен имот. Нашата фирма се изгради и во моментов е единствена вертикално интегрирана компанија, со севкупен сет на услуги и продукти, за да може да одговори на барањата на клиентите. Целта ни е да ги опслужиме клиентите на највисоко можно ниво и да докажеме дека сме екипирани и подготвени да им помогнеме да ги решат нивните проблеми коишто не се од сферата на нивниот основен бизнис. Нашиот пристап е доста неконвенционален за овие простори и секогаш тргнуваме од потребата на клиентот и бенефитите што тој ќе ги добие. Истиот тој пристап го имаме и при управувањето на самата фирма. Креираме тим кој не се плаши од предизвици и поддржуваме конструктивен конфликт, бидејќи само преку судир на мислења и идеи може да се креира правилно решение. Затоа и нашиот тим се состои од кадар од секаков тип на профили и воедно можеме да понудиме најразлични услуги коишто се прилагодени согласно барањата на даден клиент.

Нашиот тим може да ви понуди управување на објектите, имотот или средствата на друго ниво, т.е. во форма на Facility, Property или Asset менаџмент, изготвување на комплетни решенија, од идејни проекти до разработка на проекти, целосна изведба (клуч на рака) па сѐ до техничко одржување и хигиена на објектите. Сите овие услуги се нудат за прв пат во нашата држава и тоа од ФМС. Има многу фирми кои се грижат за хигиената, за одржувањето на објектите, но нема многу фирми кои ги спојуваат сите услуги во едно.

Така, ФМС нуди консултантски услуги во делот на недвижностите, почнувајќи од истражување на пазарот за потенцијални инвеститори, потоа водење на инвеститорот во најраната фаза пред да формира каков било ентитет во нашата земја, асистирање во сите административни процеси со цел полесно да отпочне да работи, преддоговарање на постоечки договори со цел оптимизација на трошоците, изнаоѓање на деловни простории (канцелариски простор, индустриски капацитети итн.), односно концептуални решенија во делот на недвижностите.

Со ФМС добивате еден примарен контакт и експерти од секоја техничка и административна област, кои стојат на располагање за совети и решенија за секаков тип на проблеми поврзани со недвижниот имот. Работиме секогаш со најсовремени и иновативни машини и се грижиме за животната средина. Ние сме единствени на нашиот пазар, што имаме машина што чисти прозорци и фасади на база на реверсна осмоза до 20 метри, на тој начин не користиме хемикалии, а можеме да бидеме ценовно конкурентни и брзи во работењето. Исто така, користиме роботи и специјални машини за чистење на вентилациските канали коишто кај нас многу често се запоставуваат, а всушност се многу важен фактор и еден од причинителите на алергии и разни други заболувања. Нудиме цел спектар на услуги во тој дел, како што напомнав, суво чистење на канали, чистење на вентилациски канали на кујни, хемиско чистење на фенкојлери и на целокупната климатизација, користејќи притоа врвни машини, еколошки средства и сето тоа е поткрепено со сертификати и лиценци.

Ја имаме и честа да бидеме официјални преставници за LG за комерцијалната програма за греење и ладење со што може да понудиме најсовремени решенија, од топлински пумпи па сѐ до специфични индустриски решенија согласно потребите на потенцијалните клиенти. Нудиме и други еколошки и иновативни решенија во делот на греење и ладење сѐ со цел да ја заштитиме животната средина и да ги намалиме трошоците.

Дел од нашето работење се состои и од продажба на квалитетни комерцијални теписони за хотели или канцеларии, за коишто нудиме комплетно решение, од 3D предлог-решенија па сѐ до изведба.

Со еден збор, имаме различни услуги, производи, предлози за секој клиент, на едно место.

·Колку истите се побаруваат на нашиот пазар во однос на другите земји? Дали светските стандарди се апликативни на нашиот пазар, какви се вашите искуства?

Нашиот пазар иако е доста мал, има потенцијал, бидејќи услугите коишто ние ги нудиме не се застапени во таа форма или пак не се наоѓаат на едно место. Ние нудиме изнаоѓање на решенија и следење на проектите до крај, што е многу олеснително за клиентот. Генерално, пред 4-5 години речиси никој не бараше услуги од ваков тип за одржување на објектите, но со текот на времето пазарот еволуираше. Најмногу се бараат услуги за хигиена на објектите, за техничко одржување и полека сѐ повеќе резиденцијалните и комерцијалните објекти сакаат да формираат сервисен трошок за да ги покријат своите трошоци и да го зачуваат својот имот, а во тој дел ние сме пионери и им помагаме на оние кои сакаат да започнат да работат на тој начин. Основна цел во управувањето со објекти е секој (клиентите) да се посвети на својата основна дејност, да креира додадена вредност со дополнителниот капацитет којшто го има, додека ние се грижиме за административните и техничките работи коишто на многу фирми не им се примарен бизнис.

Соработуваме со секој кој е подготвен да направи чекор повеќе за да си ги намали трошоците, кој сака квалитетно решение и да заштеди на време, а пример за такви клиенти се Соравиа, Џевахир, НЛБ Банка, Про Кредит банка, Балкански Универзитет, Лукоил, Мусала, итн.

Во светот и во регионот има компании коишто нудат услуги од областа на управувањето со недвижниот имот, разликата е во големината на пазарот. Каде било во регионот имате барем три пати поголем пазар, сите услуги коишто ги нудиме се веќе етаблирани и фирмите ја разбираат потребата од истите. Ние, како први во овој сектор, генерално поминуваме многу време во креирање на пазарот и потребата за таков тип на услуга, дополнително мора да понудиме многу повеќе услуги од која било фирма во регионот за да може да бидеме конкурентни бидејки куповната моќ на нашиот пазар е исто така многу поразлична.

Со ваша асистенција и соработка велите дека ќе им обезбедите заштеди во време и трошоци на вашите клиенти и поефикасно да управуваат со нивниот недвижен имот. Дали може да ги квантифицирате тие резултати во бројки или примери?

Имаме задоволни клиенти со долгорочна соработка и тоа е нашата најголема награда и поттик за уште поголеми проекти. А според извештаите секако дека може да се потврди нашиот придонес, така на пример имате пораст за 30% на издаден деловен простор во објект од 15.000 метри квадратни за само 8 месеци. Чистење на фасада до 15 метри височина со нашите машини може да ви заштеди барем 40% од конвенцијалниот начин на чистење. Ако правилно испланирате еден канцелариски простор со работни места, може да ви се намалат фиксните трошоци по вработен и до 40%, а амбиенталниот воздух што го дишеме може да биде компетитивна предност за вашата фирма при вработувања или за изнајмување на просторот.

На многу компании им помогнавме брзо да стартуваат со својот бизнис со комплетно решение за деловниот простор и опрема. ИТ фирмите ни се примарен фокус во тој дел, бидејќи нудиме комплетно решение - тие да се фокусираат на нивниот бизнис, а ние да помогнеме да го намалиме фиксниот трошок по вработен, да ги преземеме сите административни работи што не се дел од нивниот примарен бизнис.

Како се одвива соработката со клиентите, од почетокот и во текот на работењето, каква е соработката со странските клиенти, како тие се снаоѓаат во наши услови?

Сите наши решенија се адаптираат во зависност од потребите на секој клиент пооделно. 
Се работи за различен сет на услуги во различни категории на дејности. На пр. може да се работи за ИТ компанија, или резиденцијални објекти како Џевахир Скај Сити или пак деловен центар како Соравиа или универзитет како што е Интернационалниот Балкански универзитет. За секој клиент формираме стратегија, листа на услуги и редовна контрола и комуникација со сите наши клиенти. Ние нашите клиенти ги гледаме како партнери, бидејќи тие се двигатели на нашиот опстанок, а од друга страна нашите партнери добиваат фер и чесен пристап за секој проблем.

Соработката е секогаш проследена со навремено информирање за сите активности и извештаи за остварените резултати. Воедно, постојано се трудиме да одиме напред и да нудиме иновативни решенија и нови технологии, но секогаш ја земаме во предвид куповната моќ, бидејќи сите знаеме што е добро и квалитетно, но не секогаш можеме тоа и да си го дозволиме.

Што се однесува до странските клиенти, тие се благодарни што имаат вистински контакт, партнер и да се потпрат на нас во секое време, во премостувањето на разликите особено во делот на законските регулативи, изнаоѓањето на соодветни подизведувачи и проценки и анализи за нивните инвестиции, изнаогање на кадар и сл. 

Како млада компанија со динамичен кадар, се стремите кон технолошки иновации, дали имате некои новитети кои можете да ни ги откриете во моментов, или нешто што е актуелно во светот, а се нуди и кај вас?

Нашиот фокус во наредниот период ќе биде сѐ повеќе насочен кон енергетската ефикасност, кон услуги и продукти во сферата на зачувување на природата. Со отпочнувањето на соработката со LG сакаме да овозможиме поефикасно и еколошко греење и ладење на секаков тип на објекти. Фокусирани сме да отпочнеме со т.н. ЕСКО договори кои овозможуваат намалена изложеност на клиентот од финансиска гледна точка, бидејќи инвестициската рамка ја затвoраме ние, а потоа со клиентот договараме рок на отплата согласно заштедата што е добиена, со тоа клиентот ако има даден буџет, истиот не се надминува, а се добива енергетски ефикасен објект.

Во процедура сме да отпочнеме со продажба на друг вид на гориво којшто е доста поевтин од тоа што се нуди на пазарот, но сѐ уште сме во фаза на тестирање и изработка на елаборати за да може да го сертифицираме во нашата држава.

Исто така, во соработка со нашите партнери нудиме решение за неефикасните стаклени површини, преку поставување на специјални заштитни фолии, со што се овозможува огромно енергетско подобрување, имено самата стаклена површина без фолија ја пропушта енергијата, а тоа е еден од најголемите проблеми на секој објект, било да се канцеларии или домаќинства. Наместо да се менуваат прозорците ние тоа го правиме со специјални фолии, заштедата е несомнена од многу аспекти.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“