КАКОВ КРАЈ НА ЛЕТОТО ЌЕ ИМАМЕ? Што ни носат август и септември?
Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 12:11
Метеорологот Владо Спиридонов, направи анализа на вториот дел од летото, почнувајќи од месецов па се до септември.
Според него, во првата половина се очекува потопол и релативно посув август.
- Акцентот за овој месец би требало да биде даден на предвремената најава и алерти за потенцијалните области во повисок метеоролошки индекс за ширење пожари со цел носење превентивни мерки. Во Македонија температурите во месец август ќе бидат 1-2 ºС степени повисоки од просечните за овој период. Во Скопје и околината просечната максимална температура на воздухот во август ќе биде над повеќегодишниот просек (32.4 ºС), и истата ќе изнесува околу 34 ºС. Месечните суми врнежи во текот на август ќе бидат со вредности околу 10 mm под повеќегодишниот просек (37.4). Во Скопје и поширокото подрачје средната месечната сума врнежи ќе биде околу 34 мм. Во услови на високи температури, топлотни бранови, дефицит на врнежи и појава на суши, може да се очекува зачестена појава на пожари. Но сепак веројатни се и повремени продори на поладен воздух и нестабилни услови, со развој на конвективни облаци со поројни врнежи, молњи и грмежи, силен ветер, суградица или град, а локално не се исклучува и појава на временски непогоди, вели Спиридонов во анализата.
Септември пак, ќе биде потопол и просечно влажен септември во југозападниот дел, и потпопол и во рамките на просечниот во останатите делови од Македонија.
„Се предвидува продолжено лето, во првата половина на септември. Во Скопје просечната максимална температура на воздухот во текот на септември изнесува 26.5 ºС , ќе има вредност во интервалот од 28 до 29 ºС. Во поголем дел од Македонија, месечната количина на врнежи во текот на септември ќе остане во рамките на повеќегодишниот просек, додека во Скопје и околината вкупната месечна сума врнежи во септември ќе изнесува околу 40 мм. Иако според проценките, првата половина на септември ќе биде со релативно повисоки температури од просечните, сепак со намалувањето на денот, дневното загревање ќе биде компензирано со ноќното ладење, создавајки радијационен баланс, и поизразени температурни амплитуди, кое ќе условат постепено сторнирање и намалување на негативните последици од климатските промени и варијации ова лето“, се вели во анализата.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




