Каков предлог нуди Мелони за безбедносни гаранции за Украина?
Објавено во: Свет 27 Август, 2025 19:26
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека предлогот за безбедносни гаранции за Украина, сличен на Членот 5 од НАТО, моментално е главна тема на преговарачката маса на сојузниците.
„Италијанскиот предлог, базиран на механизам инспириран од Членот 5 на НАТО, моментално е главен на преговарачката маса. Тоа е потенцијален придонес за мирот што нашата земја го дава и мислам дека треба да бидеме горди на тоа“, изјави Мелони, пренесува „Република“.
Вели дека сега постои шанса за мировен договор помеѓу Украина и Русија. Војната трае повеќе од 3.5 години.
foto Facebook/Giorgia Meloni
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




