КАКВА Е ИДНИНАТА НА Е-ВОЗИЛАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2022 10:18
Деновиве, почнувајќи од 12ти до 16ти октомври, посетителите на Ист Гејт мол, уживаат во изложените модели на електричен погон и хибриди, и имаат можност да се запознаат со предностите кои овие возила ги овозможуваат за да се создаде поздрава и поеколошка средина.

Партнер на манифестацијата под мотото „Возиме на струја“ е „АВТО ПЛУС“, а истата е поддржана од покровителот „Шпаркасе Лизинг“, партнерите „НЛБ банка АД Скопје“ и „Прокредит“ банка кои ги презентираат финансиските предности и услуги при набавка на ваков тип автомобили.

Настанот е посветен на електромобилноста, која претставува ново глобално технолошко решение за транспорт на луѓе и стокa. Годинава, како што најавија организаторите, покрај изложбата на електричните автомобили, обезбедена е и зона за тестирање на штандот на „Олимпиа Моторс“ кои се дел од овој голем настан каде посетителите ќе имаат единствена можност да ги испробаат модерните електрични возила од марката “Тесла“. Инаку, „Олимпиа Моторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ кои поддржувајќи ја глобалната заедница која има за цел да создаде свет напојуван од обновлива енергија ги презентираат и полначите од марката „ВолБох (Wallbox)“.

ОМО нудат половни електрични возила со гаранацијакои може да се купат на лизинг.
Целта на четиридневниот настан е да се презентираат соодветни стратегии и стимулативни мерки за изградба на станици за полнење на територијата на Македонија, како и да се обезбеди побрзо развивање на инфраструктурата потребна за напредок на електромобилноста за да биде достапна за сите.

Станува збор за интерактивно искуство кое ги обедини водечките компании во областа на автомобилската индустрија, производители на делови за автомобилската индустрија, полначи и инфраструктура за поддршка за електрични и хибридни возила.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




