Каква порака испрати Ахмети по прославата за 16 години постоење на ДУИ ?
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 07:09
Со срдечна честитка лидерот на ДУИ Али Ахмети си посака уште многу децении опстојување на партијата.
„Оваа 16-та годишнина ја наоѓа Демократската Унија за Интеграција со завиден биланс - со 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски, со илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор, со слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, со гасификација започната во Скопје, Тетово и Гостивар, со многу изградени патишта и некои кои се уште се градат, автопатот Кичево - Струга, со заеднички владини средби со Косово и Албанија, со енергетска повезаност со Албанија, како и со преминување на границата со Косово и Албанија без пасош, со исцртана граница со Косово и признавање на косовската независност, албанскиот театар во Скопје, тетовската библиотека и театар, Музејот во Битола и Музејот на слободата, Државниот ансамбл на албански песни и орс, Меморијалниот центар на Албанската Мајка во Зајаз, но и со конкретни проекти за водоснабдување во напите населени места, ургентен центар во Тетово и други болнички центри, земјоделски субвенции, образовни стипендии и безброј други проекти“, вака го почна обраќањето Ахмети.
Додава дека оваа 16-та годишнина, исто така, го означува заклучокот од тематското делување на Демократската Унија за Интеграција, која започна со уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, националните симболи, фер и правичната застапеност во државните институции, предводење на клучни функции во државата како претседател на Собрание, државен правобранител, народен правобранител, министер за одбрана, министер за внатрешни работи итн., заокружувајќи ја целосната инфраструктура во високото образование со легализација на ДУТ, отворањето на нови факултети и студенски домови, како и основањето на вториот албански државен универзитет во Скопје, заедно со многу училишта, детски градинки, спортски сали, плоштадите Скендербег, Илирија, на знамето, спомениците на Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери , Неџат Аголи, Пјетер Богдани, но и со институционалното одбележување на 100-годишнината од азбуката, 100-тиот роденден на Мајка Тереза и 100-тата годишнина од знамето, и исто така статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, визната либерализација со земјите на ЕУ, отворање на висок дијалог за пристапување во ЕУ и препораки за отворање на преговори, затворање на спорот со Бугарија и се до целосното официјализирање на употребата на албанскиот јазик и на работ на решавање на прашањето за името што ќе овозможи датум за почеток на преговорите со Европската унија и покана за влез во НАТО.
Според Ахмети не се потребни две албански партии во земјава...„За овие 16 години, со целосно достоинство ги претставувавме Албанците и сите граѓани на Македонија на национално, регионално и меѓународно ниво и сме ценети и прифатени од сите.
16-годишнината не наоѓа во предност со нашиот консензуален концепт како столб на нашата идна активност за градење заеднички вредности во општ интерес.
Консензуалноста ќе биде камен-темелник за градење на нашите политики во годините пред нас, бидејќи гарантира вклучителност, одржливост и широко прифаќање на политиките.
За жал, констстираме дека и оваа годишнина, наидува на фрагментирана албанска сцена со тенденција за понатамошно продлабочување на поделбатс на Албанците во безброј партии.
Убедени сме дека ова агенда за парцијализирање и слабеење на нашиот политички потенцијал во земјата мора да заврши и ние остануваме посветени на принципот дека на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две политички партии за да се постигне оптимална застапеност и реализација.
Поделбата на албанскиот глас во многу партии, парциалното и маалско претставување а не генерално, не прави безначајни и несериозни дома и пред меѓународната заедница.
Денес, ние сме во клучните моменти на заокружување на нашиот голем проект од нашата прероба, со кој ќе му се приклучиме на големото евроатлантско семејство.
Затоа ние работиме за брзо и одржливо решение кое ќе ни ги отвори патот кон НАТО и ЕУ за Македонија и ќе придонесе кон мирот, стабилноста и безбедноста, како и раст на економскиот развој и социјална и општествена благосостојба.
Оваа годишнина се обележува во пресрет на многу проекти и дела што нè очекуваат. Ние ќе успееме, бидејќи нам во Демократската унија за Интеграција не ни недостасува ниту знаење, ниту посветеност, ни енергија и храброст!
Почитувани соработници, почитувани содејци
Одбележувајќи ја нашата 16-та годишнина, да се посветиме за заедничка иднина, за меѓусебна солидарност, да го одржиме духот на соработката еден со друг, да ги реализираме надежите на граѓаните, преку силно унапредување на нашите заеднички вредности, зошто не и за понатамошното зајакнување на Демократската унија за интеграција како наша национална вредност.
Заедно почнавме пред 16 години, Заедно и искрени еден кон друг, кон заедничката цел, така, Заедно ќе продолжиме во децениите пред нас!“-кажа Ахмети.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




