27 Март, 2025
0.0333

КАКВА ПОРАКА НОСИ ИЗЈАВАТА НА ИРАН? Ако не продаваме нафта ние, нема да продава никој!

Објавено во: Економија 25 Март, 2025 10:46

Добивај вести на Viber

Блискиот Исток бил и ќе остане буре барут кое може да го раздрма целиот свет. Односите меѓу најсилните држави во светот и балансот меѓу нив секогаш се огледало на состојбите на Блискиот Исток. А таму ескалацијата никогаш не била повидлива и поочекувана од сега. Газа влегува во втора година егзодус, Сирија претрпе голема институционална промена за која исходот уште не може да се предвиди. Ирак продолжува да биде ранлив и подложен на регионални и глобални влијанија, а Иран е во висока борбена готовност. Израел непрекинато ја ескалира состојбата во јужен Либан, а сега веќе и во делови на Сирија. И Турција е тука, будно следи и очекува да го максимизира своето влијание  

Сите што разбираат колку се комплексни односите на Блискиот Исток и артикулацијата на интересите на двете супер воени сили САД и Русија знаат добро дека клучот на мирот на Блискиот Исток е Иран.

И при секоја анализа на состојбите или сценарио на антиципирани настани мора да се даде должно внимание на реакцијата или на акцијата на Иран.

Иран е држава со најбројно население на Блискиот Исток, голем производител на нафта, стратешки географски поставена територија со најголемо влијание врз Црвеното море, кое пак е клучен стратешки пат за извоз на сурова и преработена нафта за целиот западен свет. Иран е територија значајна и за руските интереси во регионот, а воедно и за Европа, и секако за САД.

Иран е и регионална воена супер сила, а заедно со Израел и регионална нуклеарна сила. И сите соседи стрепат од тоа. А Израел и Иран се смртни непријатели затоа што се покажа дека се непомирливи. И токму затоа Блискиот Исток е буре барут кое може да го стресе целиот цивилизиран свет. А особено западна хемисфера со тоа што економското или поточно енергетското влијание врз Европа може да биде фатално со последници за чие залечување ќе треба барем една деценија. Особено сега кога Европа е во историски најлоши односи со Русија која е исто така голем глобален производител и извозник на сурова нафта.

Што значи иранската отворена закана „Ако ние не можеме да продаваме нафта и никој друг нема да може“?

Иранските власти, и верските и државните, често повторуваат една реченица „Ако Иран не може да продава нафта, никој друг нема да може“. Тоа е отворена закана за безбедноста на сите други држави од тој дел на светот кои поединечно се меѓу најголемите светски производители на сурофа нафта и нафтени деривати.

За волја на вистината, новиот американски претседател Трамп не покажува сигнали дека е подготвен дипломатски да разговара со водството на Иран. На нивната листа Иран е закана од висок ризик и така се третира. Но и Иран знае кои се американските односно западните нафтени интереси на Блискиот исток. И понекогаш праќа отворени закани по нивната безбедност.

Зошто Бахреин може да биде црвеното копче на бомбата наречена Блиски Исток? Затоа што Бахреин е мала земја – но значаен производител на сурова нафта. Бахреинската државна нафтена компанија преработува дневно 270.000 барели нафта. А складира 14 милиони барели нафта. Освен тоа има голем морски терминал од каде танкерите полнат нафта и преку Црвено море ја пренесуваат во Средоземно море и понатаму за потребите пред се на Европа.

Бахреин од нафтен аспект е многу важен за целата економија на западната хемисфера. А Бахреин има уште еден проблем. Од верски аспект. Тоа е мнозинско шиитско население кое е во иста матрица со иранската верска идеологија. Ударот на Бахреин поточно на неговата суни-политичка елита ќе даде повод за масовни протести на бројните жители шиити. Тоа би било реприза на 2011 година кога интервенираше воено Саудиска Арабија. Ударот врз Бахреин би можел да биде значаен удар врз глобалната цена на нафтата. А тоа ќе го почувствуваме сите ние стотици милиони во државите кои се увозно зависни од нафтата.

Ирак е уште поголем безбедносен регионален ризик. Државниот апарат нема целосна контрола врз територијата, а иранското влијание, и верски и преку вооружени групации (таканаречени милиции), е значајно изразено. И тоа особено во јужниот регион во и околу Басра каде се и најголемите нафтени платформи. Аналитичарите проценуваат дека значаен ризик на американската администрација односно за Трамп е тоа што иранските милиции не се воздржуваат да запленат односно заробат америнански војници во Ирак. А таму има околу 2.500 војници. Нивно киднапирање или заробување ќе направи главоболка односно политичко прашање од големи размери на националната американска сцена. А тоа може да биде само на штета на Трамп.

Јордан е посебна приказна. Голема површина, значаен производител на нафта, но пред се територија стратешки важна од воен аспект и за Израел и за Иран. Она што најмногу му го замери Иран на Јордан е тоа што преку негова територија делуваат израелските воени авиони кои дејствуваа против Иран. Енергетски гледано Јордан е значаен зашто има голема нафтена рафинерија „Зарква“. Но веројатно најголем ризик за јорданската кралска власт е многубројното палестинско население (бегалци од прогоните на Израел). Во случај на отворен конфликт меѓу Јордан и Иран аналитичарите очекуваат граѓанска непослушност и немири кои може да ескалираат. Затоа што голем дел од палестинското население во Јордан покажува отворена емпатија кон Иран затоа што ги гледаат како заштитници на нивните браќа во Газа и окупираниот од Ираел Западен Брег (територија која макар и номинално треба да биде независна палестинска држава).

Обединетите арапски емирати (ОАЕ) не се воена сила, но се економски значаен фактор на Блискиот Исток. Производители на нафта со големи успеси и вложувања и во елитниот туризам.

Иако генерално не влегуваат во отворени конфликти со Иран се под влијае на западните партнери. Тие не се закана за Иран, но тоа не значи дека Иран не може да покаже агресија кон ОАЕ. Особено ако сака да ја дестабилизира оваа држава која важи за економски рај на Блискиот Исток. Доколку Иран реши да ја дестабилизира нивната економија не е исклучено да створи безбедносен ризик за ОАЕ. А таа ситуација може да биде економски кобна ако се знае дека над 80 отсто од популацијата во таа глобална туристичка атракција се странски државјани кои на безбедносен ризик би реагирале макар и со привремено напуштање на ОАЕ. Тоа сценарио може да биде голем проблем за националната економија на таа земја.

Катар и Оман се мали држави кои се неутрални во нивните надворешни политики спрема Иран. Тука вреди да се истакне дека Катар е домаќин на централното воено раководство на американските сили за целиот Блиски Исток. Поточно таму се наоѓа нивната воена база Ал – Удеид. Тоа ќе биде најголем предизвик на катарската династија да ја задржи неутралноста доколку Иран одлучи да ескалира.

И сега Саудиска Арабија, највлијателна сунитска држава на Блискиот Исток, најголем производител на нафта и голем западен сојузник. До неодамна во отворена конфронтација со Иран. Ситуацијата беше смирена по големите напори на Кина и Русија во кои требаше Иран и Саудиска Арабија да постигнат мировен договор. Но прашање е дали Иран ќе може да одолее на притисокот ако се почувствува загрозен да удри на Саудиска Арабија. Особено ако процени дека со тоа ќе направи економски проблем. Тука клучен ризик фактор е нафтоводот исток – запад кој е стратешки важен затоа што го заобиколува Персискиот залив и завршува во пристаништето Јанбу, а секојдневно испорачува 3 милиони барели нафта за потребите на Европа.  

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ НЕМА ДА ГИ УКИНЕ САНКЦИИТЕ: Бараат руската војска да ја напушти целата територија на Украина

ЕУ НЕМА ДА ГИ УКИНЕ САНКЦИИТЕ: Бараат руската војска да ја напушти целата територија на Украина

ЦЕНАТА РАСТЕ: Бакарот може да достигне рекордни 12.000 долари

ЦЕНАТА РАСТЕ: Бакарот може да достигне рекордни 12.000 долари

Бест Веј Инвестмент: Немаме никаква намера да се вратиме во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

Бест Веј Инвестмент: Немаме никаква намера да се вратиме во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

ССМ: Минималeцот е зголемен без нас, ова е преседан!

ССМ: Минималeцот е зголемен без нас, ова е преседан!

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува нето надворешниот долг?

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува нето надворешниот долг?

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

ПРОФИТ ОД ПРОБЛЕМ ШТО МИРИСА НА ВОЈНА: Работниците од автомобилската индустрија се регрутираат во фабрики за оружје

ПРОФИТ ОД ПРОБЛЕМ ШТО МИРИСА НА ВОЈНА: Работниците од автомобилската индустрија се регрутираат во фабрики за оружје

РЕАКЦИЈА ОД „ОРКА ХОЛДИНГ“: Демантираме дека имаме каков било партнерски однос со „Бест веј“ и семејството Мијалкови

РЕАКЦИЈА ОД „ОРКА ХОЛДИНГ“: Демантираме дека имаме каков било партнерски однос со „Бест веј“ и семејството Мијалкови

НАЈПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ЈА ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦАТА ВО БИБЛАХ-ОСТ: Вработените ги чека отпуштање, жителите ќе патуваат за да испазарат

НАЈПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ЈА ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦАТА ВО БИБЛАХ-ОСТ: Вработените ги чека отпуштање, жителите ќе патуваат за да испазарат