ЕУ НЕМА ДА ГИ УКИНЕ САНКЦИИТЕ: Бараат руската војска да ја напушти целата територија на Украина

Објавено во: Економија 26 Март, 2025 18:55
Европската Унија(ЕУ) не попушта во однос на Русија.
Безусловно повлекување на руските сили од Украина e предуслов за укинување на санкциите, велат од Европската Унија(ЕУ).
„Безусловното повлекување на руските сили од „целата територија“ на Украина е еден од главните услови за укинување или ублажување на санкциите наметнати од Европската унија (ЕУ) кон Русија“, изјави денеска портпаролот на ЕУ.
Белата куќа вчера објави дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат нападите во Црното Море.
„Русија, која е цел на санкции, може да смета на поддршката на Белата куќа за „да ги добие глобалните пазари за извоз на земјоделски и вештачки ѓубрива, да ги намали трошоците за поморско осигурување и да го подобри пристапот до пристаништата и платните системи за овие трансакции“, се вели во соопштението по разговорите меѓу американската и руската делегација во Саудиска Арабија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака олеснувања за Русија.Зеленски изјави дека „Американците сакаат да им покажат на Русите дека се во средина“ и дека американскиот тим не го крие фактот дека сака да биде посредник, а не да застане на една од завојуваните страни.
„Им рековме, добро, ако не сте на наша страна, тогаш барем останете на средина. Значи, ако Русите не го прифатат целосниот прекин на огнот што го предложивте, сакаме да видиме дополнителни санкции. Тие не мора да важат долго, исто како што не траеше замрзнувањето на помошта во нашиот случај. Навистина очекуваме американската страна да ги преземе овие чекори“, рече Зеленски во интервју за Тајм.
Тој додаде дека украинската војска во моментов е трипати поголема отколку што била во време на мир и дека буџетот на Украина не е доволен за нејзино финансирање.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци
