30 Март, 2025
0.0350

ССМ: Минималeцот е зголемен без нас, ова е преседан!

Објавено во: Економија 26 Март, 2025 15:58

Добивај вести на Viber

Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека минималецот е зголемен без нив, што е преседан. 

Минималната плата од април ќе се зголеми за 1.812 денари и ќе изнесува 24.379 денари, но одлуката е донесена без консултации со синдикатите. Вака тврди Трпе Деаноски од УПОЗ. Тој изјави дека ова е првпат од 2012 година минималецот да се зголеми без учество на работниците и работодавачите во социјалниот дијалог.

„Првпат се случува ова, но со оглед на состојбата во државата, веројатно нема да биде последен пат. Во петок ќе одржиме седница на ССМ за да ги одредиме следните чекори“, изјави Деаноски.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, објасни дека ваквата одлука се должи на фактот дека сега ниту еден синдикат нема репрезентативност.

Минималецот се утврдува еднаш годишно во март и се пресметува врз основа на 50 отсто од просечната исплатена плата и 50 отсто од зголемувањето на трошоците за живот од претходната година. 

ССМ бараше минималната плата да се зголеми за 6.000 денари, односно да изнесува 500 евра, а дел од придонесите да ги плати државата во рок од 12 месеци. Македонија е меѓу земјите со најнизок минималец во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци