19 Декември, 2025
0.0472

Каква визија и беше претставена на Македонија на Microsoft Reloaded конференцијата

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2016 14:31

Добивај вести на Viber

На 16 и 17 ноември се одржа најголемиот и најзначајниот ИТ настан годинава во земјава, конференцијата Microsoft Визија: Reloaded, која предизвика голем интерес кај јавноста.

Хотелот Мериот во Скопје беше центарот на случувањата за ИТ и за бизнис-секторот каде за време на двата дена од новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција повеќе од 350 посетители имаа можност да чујат педесетина предавања од професионалци во ИТ индустријата од нашата земја, но и од целиот свет, како и да учествуваат во разни дискусии и панели.

Една од главните теми на конференцијата беше Дигиталната трансформација на бизнисите, а главен говорник беше Michael Kögeler, генерален директор за CEE Multi-country Europe во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа и кој со својот уникатен стил на презентирање ги воодушеви присутните. Според Kögeler, тектонските промени во информатичките технологии ја форсираат дигиталната трансформација која креаира раст, конкурентност, зголемена продуктивност и брз проток на информации преку трансформација на бизнис процесот, трансформација на продуктите и начинот на интеракција со клиентите и вработените.

„На Македонија и недостасуваше Визија, а овие два дена само го потврдија тоа. Мериот беше претесен за да ги собере на едно место сите заинтересирани ИТ и бизнис професионалци кои што имаа можност да ја откријат целата приказна за дигиталната трансформација и да ги дознаат потенцијалите и можностите за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот. Овие два возбудливи дена само ни даваат поттик за да работиме уште од сега за следната Microsoft Визија: Reloaded 2017“, изјави Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.

Во рамки на Microsoft Визија: Reloaded се одржа и Device Days, традиционален настан кој Microsoft секоја година го прави за своите партнери. За време на Device Days беа претставени новите функционалности на Windows 10 Pro како и новите уреди со Windows 10 достапни во Македонија. Исто така беше претставен и новиот Windows Server 2016 како и разни бизнис сценарија за компаниите од сите сектори.

На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација кои на самото место го полагаa испитот Microsoft Office Specialist.

На Microsoft Визија: Reloaded беа доделени и многу награди за учесниците, меѓу кои и фантастичниот велосипед - BMWCruise Bike 2016, обезбеден од страна на еден од спонзорите – М Кар.

Стратешки партнер на конференцијата беше компанијата Nextsense, а ексклузивен партнер компанијата IT Labs, додека златни партнери беа компаниите Cacttus, VEEAM, TDK и RRC.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии