17 Декември, 2025
0.0466

Какви цени на нафтата и на горивата нè очекуваат по летните одмори?

Објавено во: Економија 09 Август, 2013 07:54

Добивај вести на Viber

Народната банка предвидува намалување на цената на нафтата на свеските берзи, менаџерите од нафтениот бизнис очекуваат – есенски пораст на цените. “По завршување на летото, некаде во октомври, во пресрет на грејната сезона очекувам пораст на цените на нафтата и на плинот. Во текот на летото, по правило, потрошувачката на нафта и на плин е помала, што не е случај и во зимскиот период. Тогаш се зголемува побарувачката за нафта и плин во училиштата, рестораните“ - вели за “Фактор“ Митко Јовановски, сопственик на компанијата “Макоил“. Различни проекции и очекувања има Народната Банка. Бавното закрепнување на глобалната економија и залихите на нафта, според аналитичарите од НБРМ  се причините поради кои ќе се намалува цената на нафтата на светските берзи. “Оценката за цената на нафтата од типот „брент“ во вториот квартал на 2013 година е умерено пониска од онаа предвидена во априлската проекција, односно 78,8 наспроти 83,8 евра за барел.  Новите проекции упатуваат на подлабоки стапки на пад на цената на нафтата и во третиот и четвртиот квартал од годината“ – прогнозира НБРМ во јулскиот извештај во кој се додава: “Имајќи ја предвид доволната снабденост со нафта во светски рамки, задоволителните нивоа на нафтените залихи и бавното закрепнување на глобалната економија. Оттука, на годишна основа, во 2013 година се очекува посилен пад на цената на нафтата во споредба со проекцијата од април.Од друга страна, се очекува дека во 2014 година цената на нафтата ќе се намали со речиси ист интензитет како во априлската проекција.“ – оценува анаитиката на Централната Банка. Секој најмал потрес или поместување во светски рамки – веднаш се рефлектира врз цените на горивата, смета Јовановски од “Макоил“. “Секоја криза во глобални рамки директно влијае врз цената на нафтата. Голем фактор е и курсот на денарот во однос на доларот, односно секое зголемување значи и повисоки цени на горивата, како и каде таа ќе се движи, тешко е да се предвиди, но според моето долгогодишно искуство, цените на нафатените деривати по правило поевтинуваат во текот на летниот период додека во пресрет на грејната сезона – тие се зголемуваат“ – вели Јовановски. Според податоците што неодамна ги објави “Фактор“, барел нафта од почетокот на годината поевтини на 90 американски долари, што придонесе  да се формира најниско ниво на цената во последните неколку години. ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ГИ ПОДГРЕВА ЖИВОТНИТЕ ТРОШОЦИ Според најновите статистички мерења, во јули во однос на истиот месец во 2012 та година, трошоците на живот за електрична енергија, гас и горива се зголемени за 1,8%. Анализирано по групи, најголем пораст на трошоците има за електрична енергија од 5,1%, потоа кај  течните горива од 3,6% и за гас 0,3%, додека има намалување кај цените на цврските горива и за парното греење. Последната корекција на цените на нафтените деривати се случи на 30 јули кога Еуросуперот од 95 октани поскапи за денар и половина и сега се продава за 82,5 денари за литар, а Еуросуперот од 98 октани поскапи за еден денар и се продава по 84 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот остана иста – 70 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство и мазутот поевтинија. Нова кораеција на цените ќе има во понеделник. Регулаторната комисија ја ревидира цената на секои две недели а како репер за креирање на цените се движењето на цената на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас