25 Јуни, 2022
0.0310

КАКВИ МОНСТРУМИ - за пари му дозволиле на Белгиец да ја силува нивната 13 годишна ќерка - ХОРОРОТ ТРАЕЛ ДОЛГО, СЕ ДО ВЧЕРА

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донело Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.

„​Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест, на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Денес, на предлог на јавниот обвинител Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје со Решение на  тројцата осомничени им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО ИНЦИДЕНТ СО АВТОБУС НА „ДУРМО ТУРС“ - му пукнала гума, биле загрозени животите на 12 луѓе - Левица вели: Политички се дозволува оваа корупција

ПОВТОРНО ИНЦИДЕНТ СО АВТОБУС НА „ДУРМО ТУРС“ - му пукнала гума, биле загрозени животите на 12 луѓе - Левица вели: Политички се дозволува оваа корупција

БУГАРСКОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ ВРЗ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е И ПРОБЛЕМ НА НАТО - Едвард Џозев смета дека САД мора во пишана форма да го афирмира македонскиот идентитет

БУГАРСКОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ ВРЗ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е И ПРОБЛЕМ НА НАТО - Едвард Џозев смета дека САД мора во пишана форма да го афирмира македонскиот идентитет

ЕКСПЛИЦИТЕН ГОВОР НА ОМРАЗА И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ КОН МАКЕДОНИЈА - нашето МНР со вербална нота кон бугарското, бара осуда на овие изблици

ЕКСПЛИЦИТЕН ГОВОР НА ОМРАЗА И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ КОН МАКЕДОНИЈА - нашето МНР со вербална нота кон бугарското, бара осуда на овие изблици

СЕ ОГЛАСИ ПАРТИЈАТА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, кому му е проблем внесувањето на Бугарите во Уставот

СЕ ОГЛАСИ ПАРТИЈАТА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, кому му е проблем внесувањето на Бугарите во Уставот

ВНИМАВАЈТЕ - ЗА ПОПЛАДНЕ СЕ СПРЕМА ПОРОЕН ДОЖД, А И ЌЕ ГРМИ - еве какво време се очекува

ВНИМАВАЈТЕ - ЗА ПОПЛАДНЕ СЕ СПРЕМА ПОРОЕН ДОЖД, А И ЌЕ ГРМИ - еве какво време се очекува

АРСОВСКА, КАСАМИ И КОЊАНОВСКИ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЗА 2.806 ДЕНАРИ, ВЛАСТА Е ГЛУВА - ССМ вели: Нашиот штрајк почна да дава резултати

АРСОВСКА, КАСАМИ И КОЊАНОВСКИ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЗА 2.806 ДЕНАРИ, ВЛАСТА Е ГЛУВА - ССМ вели: Нашиот штрајк почна да дава резултати

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ОЧЕКУВА ДЕНЕШНАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ДА ПОМИНЕ ВО МИРНА АТМОСФЕРА - да покажеме солидарност со нашите сограѓани

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ОЧЕКУВА ДЕНЕШНАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ДА ПОМИНЕ ВО МИРНА АТМОСФЕРА - да покажеме солидарност со нашите сограѓани

„МАКРОН ВТОР ДЕН ПО РЕД НИ ВИКА У ФАЦА ДЕКА СМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ, А ОСМАНИ МОЛЧИ“ - жестока реакција на Апасиев

„МАКРОН ВТОР ДЕН ПО РЕД НИ ВИКА У ФАЦА ДЕКА СМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ, А ОСМАНИ МОЛЧИ“ - жестока реакција на Апасиев

МОЈ МОЈ, ПРЕКУ ... ДА КАЖЕМЕ ОДЛУЧНО НЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - статусот на Бени Шаќири еден од најсподелуваните на фејсбук

МОЈ МОЈ, ПРЕКУ ... ДА КАЖЕМЕ ОДЛУЧНО НЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - статусот на Бени Шаќири еден од најсподелуваните на фејсбук