Какви пораки им пренесе Заев на рускиот и францускиот амбасадор?
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017 17:26
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, со кој разговарал за потребата од брза разврска на политичката криза и земјата побргу да добие влада.
Заев рекол дека СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство заради формирање стабилна влада, која ќе се зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Македонија.
„Демократските процеси во Македонија се почнати. Нив ги поддржаа 612.000 граѓани од сите етнички заедници, кои го избраа концептот на заедништво и избраа Македонија да биде едно општество за сите. Само концептот на еднакви граѓани, правда, квалитетен живот за сите, ги гарантира унитарноста и добрата иднина на Македонија“– додал Заев
Заев изјавил дека СДСМ е определен кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и на законите, наспроти, како што рекол, сегашната практика на шефот на државата, Ѓорге Иванов и на власта во заминување, поради кои земјата станала хибриден режим.
Слични пораки Заев му пренел попладнево и на амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
Кажал дека мнозинската волја на граѓаните е промени и евро-атлантска иднина на државата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




