20 Април, 2024
0.0279

Какви СМС пораки размениле Ставрески и Јанакиески за Кинезите и патот Миладиновци - Штип?

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во судот денеска се прочитани вкупно 103 пораки што се разменети меѓу екс министрите, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески во периодот од 16 мај 2012 до 3 април 2013 година.

Со читање извештај од 31 мај лани со дата бази од СМС пораки меѓу нив почна денешното рочиште за предметот „Траекторија". 

Од пораките, што се од 10 април 2012 година, се чита како Јанакиески му вели на Ставрески дека ЕБРД сака да го финансира патот Миладиновци - Штип. Ставревски пишува дека може и прашува дали има ништо ново од Кинезите? Јанакиески на тоа одговара негативно.

Во пораката од 13 април 2012 година стои дека имаат документација за Миладиновци - Штип и дека вчера му ја пратил понудата од Кинезите за кредит.

Пораките од 19 јуни 2013 година се за договарање со Ексим банка од Кина и за состаноци, па за одење во Кина на 17 и од 18 јули 2012 година, со податоци за лет во Кина преку Истанбул.

Во пораката меѓу Јанакиески и Ставрески од 26 јули 2012 година пишува „ако си на Извршен комитет спомни му на шефот за одење во Кина".

Во пораката од 29 август 2012 година пишува „Оливер Шамбовски да потпише договор со Кинезите. Ориентационо Миладиновци - Штип околу 160 милиони евра од „Бетон", чекам од „Гранит". „Синохидро" контакт".

Јанакиески во порака од 7 ноември 2012 година го информира Ставрески дека едната кинеска компанија понудила 280 милиони евра, а другата 288 милиони евра, на што двајцата мислат дека едната компанија ја препишала понудата од другата.

Кинескиот амбасадор во порака од 27 ноември 2012 година го информирал Јанакиески дека ќе поддржат било која од двете кинески компании што сами ќе ја изберат нашите власти.

Во „Траекторија" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта,  Љупчо Георгиевски. Обвинението на СЈО,  го товари дека тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан