КАКВО МЕСО ЈАДЕМЕ? - Агенцијата за храна и ветеринарство „улови“ и уништи 2.000 килограми небезбедно замрзнато пилешко од Полска
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2025 11:30
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредиле нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска, кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.
Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.
„Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото - ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




