КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Еве што најавува метеорологот Поповски
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2023 17:38
За сите кои планираат прослава или дочек на Новата година една од значајните информации е времето.
Како што најавува метеорологот Славчо Поповски, и оваа година новогодишната ноќ во Македонија ќе помине без снежна идила, што значи дека нема да има врнежи од снег, а и нема да биде толку многу студено.
- Сепак не се исклучува можноста за време на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата 2024 година да има локални слаби врнежи од дожд.
За време на најлудата ноќ температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени, а максималните дневни температури во новата 2024 година ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени - пишува Поповски во најновата анализа.
Тој исто така напоменува дека во одделни котлини и речни долини и за време на најлудат ноќ ќе биде магливо и постудено, со што и загаденоста во воздухот ќе биде многу висока.
Слично време очекуваме и во Скопје и околината. Сепак, Поповски напоменува дека е рано и можни се промени, „поради тоа што оа во следните денови уште еднашка од наша страна ќе биде објавена детална метео анализа за времето за дочекот на новата 2024 година, но и за првиот ден од истата“, заклучи меторологот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




