КАМ ќе им исплати рекорден регрес од 46.000 денари на своите вработени
Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2025 11:59
Компанијата КАМ повторно го потврдува реномето на еден од најпосакуваните работодавци во земјава и во пресрет на летната сезона ќе им го исплати првиот дел од регресот за годишен одмор од 46.000 денари на сите вработени. Износот овој пат е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимум, но оваа практика компанијата ја негува долго време и секоја следна година обезбедува поголема поддршка за својот тим составен од над 1400 луѓе. Регресот за 2025 е највисокиот досега и е признание за вложениот труд и лојалноста на вработените, а ќе биде исплатен во три дела – во текот на летниот период, во октомври и во декември.
- Наша компаниска мисија е да создаваме средина во која луѓето ќе се чувствуваат ценети поддржани и мотивирани. Со исплатата на рекорден регрес и постојано унапредување на бенефициите, испраќаме јасна порака – дека вреднувањето на трудот и грижата за тимот остануваат во сржта на нашето работење. Веруваме дека задоволниот вработен е и најдобриот амбасадор на компанијата – велат од КАМ.
Според новите податоци достапни на „Бизнис Мрежа“, КАМ и во 2024 година ја задржува позицијата на работодавец со најмногу вработени помеѓу трговските синџири во Македонија и воедно е предводник по висината на просечната плата во истата категорија.
Компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач за 2024 во категоријата маркети која ја доделува vrabotuvanje.com.mk
Покрај финансискиот аспект, КАМ постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период. Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.
КАМ останува посветен на градење силна, стабилна и човечки ориентирана организација, каде што секој поединец е важен и препознаен.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




