26 Април, 2024
0.0313

КАМАТИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ОБВРЗНИЦИ СЕ ИЗЕДНАЧИЈА СО ОНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ КРЕДИТИ - достигнаа 4,2 проценти, евтини пари веќе нема никаде

Објавено во: Финансии 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Се поскапо станува задолжувањето на државата на домашниот пазар. Најновите државни обврзници кои се издадени пред неколку дена се веќе по каматни стапки од 4,2 отсто и 4 проценти, што е веќе на некој начин приближно со каматните стапки по кои комерцијалните банки ги кредитираат граѓаните и компаниите. Имено, за јуни, како што говорат податоците на Народна банка на Македонија, просечната каматна стапка на вкупните кредити, изнесувала 4,27 проценти.

Тоа говори дека на државата веројатно и е се потешко да дојде до пари за подмирување на тековните буџетски потреби, па затоа и кај домашните кредитори е принудена да плаќа се повисоки каматни стапки.

На последните аукции од трети август годинава државата се задолжила на домашниот пазар за вкупна сума од 12,5 милиопни евра, по камати од 4,2 и 4 проценти. Информацијата беше објавена преку Македонската берза, од каде известуваат дека веќе од 8 август новите државни обврзници ќе бидат ставени на берзанска котација.

Претходно, пак, државата издаде обврзници по камати од 3,7 и 3,5 проценти, додека, пак, неколку месеци пред тоа каматите по кои се издаваа државните обврзници изнесуваа 3,1 отсто. Тоа значи дека само за неколку месеци задолжувањето на државата на домашниот пазар е поскапено за 1,1 процентен поен. Домашните кредитори и ги зголемуваат каматите на државата, додека, пак, не брзаат тоа да го сторат кај кредитирањето на граѓаните и компаниите, бидејќи каматните стапки на вкупните кредити и натаму продолжуваат да одат по блага надолна линија.

Од Берзата известија дека на 8 август стартуваат со котација на две државни обврзници.

Првите се државни обврзници без девизна клаузула, со вредност на емисијата од 309 милиони денари, односно нешто повеќе од пет милиони евра. Станува збор за 15 годишна државна обврзница, бидејќи нејзиниот датум на доспевање е август 2037 година. А, за каматната стапка е наведено дека ќе изнесува 4,2 отсто. 

Вториот вид на хартии од вредност се државни обврзници со девизна клаузула, со вредност на емисијата од 462 милиони денари или поточно 7,5 милиони евра. И оваа државна обврзница има 15 годишен рок на доспевање, а нејзината каматна стапка ќе изнесува 4 отсто. Државата кога се задолжува на домашниот пазар обично во тие државни хартии од вредност вложуваат домашните банки или институционлните инвеститори, на пример пензиски фондови или осигурителни компании.

Народна банка на Македонија неодамна ја зголеми по трет пат основната камата, односно каматата на благајничките записи, качувајќи ја до ниво од 2,5 отсто, со цел да се заузда високото ниво на инфлација во земјава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната