05 Декември, 2025
0.0366

Камбовски: Судскиот совет утврдува дали има пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 13:10

Добивај вести на Viber

Судскиот совет е во тек, ја следи состојбата и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.

Прашан дали Судскиот совет ќе го провери постапувањето на судиите со оглед дека три пати се оддолжува издржувањето на казната, Камбовски рече дека Судскиот совет е во тек и ја испитува работата.

- Ако имаме нешто конкретно овде веќе ќе имавме постапка. Ние сме во тек, ја испитуваме работата, проверуваме. Не е оставено во смисла дека Судскиот совет ништо не прави. Ние мора да утврдиме дали воопшто има некаков пропуст кај судот. Доколку има, ние сме сега до таа фаза да речеме доколку има, Законот си определува што треба понатаму да се прави - изјави Камбовски.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој е осуден на 10-годишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци, на почетокот на неделава доби ново 15 - дневно одложување на терминот кога треба да отпочне со издржувањето на затворската казна.

Судија за извршување санкции од Основниот суд Гостивар, одобрил одложување поради закажана операција за кила на тестиси на Белули во Тетовската болница. Новиот термин кога Белули треба да почне со издржување на казната е 17. декември. Ова е трето одложување на одењето во затвор на Белули поради здравствени причини.

Случајот се најде во фокусот на јавноста откако Ремзи Мифтари, одговорниот за превоз во „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор, го одлагаше издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси, по што не се појави во „Идризово“ за издржување на казната и по него е распишана потерница.

Во јануари 2023., Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи обвинетите за виновни и изрече вкупно 39 години затворски казни. Во мај 2025, Апелацискиот суд Скопје им ги зголеми затворските казни. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули од 4 на 10 години, одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари од 6 на 10 години, а двајцата вработени во технички преглед – Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски – од 5 на 7 години. Казната на возачот Маноил Трифуновски остана 14 години, а на третиот вработен во технички преглед Јане Боваровски остана 5 години. 

Фото: EPA

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво